1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе исчезне озонската дупка!

Карин Јегер/ Ивана Стојкова16 септември 2014

Научниците велат дека озонската дупка ќе се регенерира. Благодарејќи на мерките за заштита на меѓународната заедница се чини дека е спречена катастрофа. Но, потребни се неколку децении пред целосно да се затвори.

https://p.dw.com/p/1DDUd
Фотографија: picture-alliance/dpa

Озонската дупка не е секогаш тука и не е на истото место. „Моментално се создава над Антарктикот и таму ќе биде еднакво голема како и во изминатите години“, вели Маркус Рекс. Физичарот од Институтот „Алекс Вегенер“ (АВИ) во Потсдам е член на групата од 300 истражувачи, која за Обединетите нации направи извештај за состојбата на озонската обвивка.

На студијата, покрај експертите од АВИ, работеа и научници од истражувачкиот центар „Јилих“, германскиот центар за авијација и вселенски летови, како и Универзитетот од Берлин. Резултатите беа претставени во пресрет на Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка (16.09) и самитот на ОН за климатските промени (23.09) во Њујорк, на кој ќе учествуваат шефови на држави или влади.

Зеднички успех благодарение на Монтреалскиот протокол

Проценките дека озонската обвивка до 2050 година целосно ќе се регенерира, се сметаат за успех на меѓународната заедница. Во 1987 година 190 членови на т.н. Монтреалски протокол повлекоа кочница: тие се обврзаа дека за почеток ќе ја редуцираат потрошувачката на отрови кои се штетни за озонот, како што е фреонот, а подоцна и целосно ќе ги забранат. Фреоните се користат во спрејовите, уредите за ладење и средствата за чистење. Но, незапаливиот плин без боја, мирис и вкус има опасни последици за ознската обвивка, делот од стратосферата на висина 10-15 километри, кој ги филтрира ултра-виолетовите зраци и ги рефлектира во вселената.

Маркус Рекс може да ја дефнира озонската дупка во големина во северна Америка, преку сателитските податоци. Иако зимското сонце е доста ниско на Јужниот пол, зраците се исто толку силни како на југот во Калифорнија. Материите кои како фреонот го уништуваат озонот имаат посебно силно влијание при поладно време и така ја уништуваат озонската обвивка на двата пола. Тоа е добро за човештвото вели германскиот научник: „Се разви на едно од најдобрите места на планетата-на Антарктикот и привремено на Арктикот, а таму погаѓа мнгоу малку луѓе. Доколку озонската дупка во стратосферата се прошири во некои потопли и густо населени, индустриски и земјоделски подрачја, тогаш последиците за луѓето и флората би биле фатални. Бидејќи без заштитата на озонската обвивка, кожата на луѓето гори, а растенијата овенуваат и се сушат.

Dr. Markus Rex
Маркус РексФотографија: privat

Катастрофалните сценарија не се остварија

Шарлота Ломас добро ги познава последиците од озонската дупка. Уредничката на редакцијата на ДВ, која се занимава со заштита на околината има потекло од Австралија.

„Таму сонцето е посилно и е многу потопло. Во лето не смеам да бидам подолго од 15 минути на сонце без заштита, затоа што кожата ќе ми изгори и очите ќе почнат да ми солзат“.

Во 1980-тите и 1990-тите научниците од целиот свет предупредуваа за опасноста од појавата на рак на кожата. Медиумите ги зголемуваа стравовите редовно објавувајќи сценарија за каква катастрофа може да се случи во Земјината атмосфера. На крајот сепак ниту едно од тие сценарија не се оствари. Но доколку меѓународната заедница не се согласеше за забраната на фреонот, озонската обвивка би била целосно уништена до 2050-та година, тврди геофизичарот и метереолог Маркус Рекс.

Ozonloch über der Antarktis
Фотографија: NASA

И сега ќе поминат повеќе од 60 години пред озонската обвивка целосно да се регенерира. Фреоните тешко се разградуваат во атмосферата, а озонската обвивка е многу почувствителна и потенка отколку што се мисли. Научникот Мартин Дамерис од германскиот центар за воздушен сообраќај и вселенски летови, е и покрај тоа оптимист: „До средината на овој век, озонската обвивка целосно ќе се регенерира“, вели Дамерис, под услов фреоните и натаму да не се користат.

Пестицидот е погубен за озонот

За стратосферата не помалку штетна е и хемикалијата – метил бромид. Таа во земјите како што се Кина, Индија и Кенија, во кои се одгледува ориз, се користи како пестицид. Од истата причина со неа се прскаат и дрвените амбалажи како и транспортните палети. Отровниот бром во спој со озонот реагира уште посилно отколку хлорот низ фреонот. Во Монтреалскиот протокол е генерално договорен и престанокот на употребата на метил бромидот, но датумот постојано се одложува.

Spraydose
Фотографија: bilderbox

Озонската обвивка е интегрален дел од климатскиот состав. Поради тоа има посилно влијание врз промената на климата во јужната хемисфера отколку на концентрацијата на гасови, кои го зголемуваат ефектот на стаклената градина. Од друга страна научниците увидуваат дека промената на климата придонесува за регенерација на озонскиот слој.

Сега активистите за заштита на природата и научниците се стремат да ги убедат политичарите да се договорат и околу намалувањето на емисиите на штетни гасови, како што истото го сторија со фреонот, со што би ги спречиле климатските промени. „Наглите промени во климата се стрес за нашите економски и социјални системи и можат да предизвикаат криза“, предупредува геофизичарот Рекс од потсдамскиот институт за поларни и морски истражувања. „Така што мора да направиме сѐ за да ја заштитиме климата.“

Но, со оглед на тоа што според една студија на Светскиот институт за ресурси во Вашингтон, во светот би требало да бидат изградени 1.200 нови термоелектрани и тоа најмногу во земјите како што се Кина и Индија, желбата на Маркус Рекс изгледа дека е утопија.