1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јасно назадување на Македонија

Зоран Јордановски6 март 2015

Ерозија на стандардите за независно правосудство и за медиумски слободи, загриженост поради поларизацијата во земјата, изјава за ДВ на Кристоф Бергнер, пратеник во Бундестагот и член на Комисијата за надворешна политика.

https://p.dw.com/p/1Emaa
Фотографија: DW/S. Padori

„Во Комисијата за надворешна политика (на германскиот Бундестаг, н.з.) владее одредена загриженост поради развојот во Македонија: од една страна поради ерозијата на веќе достигнатите стандарди во областите ’независност на правосудството‘ и ’медиумска слобода‘, а второ, и поради поларизацијата која настана со аферата за прислушкување“, вели за Дојче веле д-р Кристоф Бергнер, член на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот.

Бергнер е пратеник на владеачката Христијанско-демократската унија (ЦДУ), партија на канцеларот Ангела Меркел, поранешен покраински премиер на Саксонија-Анхалт и парламентарен државен секретар во сојузното министерство за внатрешни работи.

Christoph Bergner
Кристоф Бергнер, член на Комисијата за надворешна политика на БундестаготФотографија: picture alliance/ZB

„Комисијата гледа со голема грижа на тој развој и од аспект на можната перспектива за пристапување кон ЕУ. Ние можеме само да се надеваме дека во вакви околности можат да се најдат појдовни точки за медитација од страна на ЕУ. Посредничката улога на ЕУ сепак не е патентирано решение, но Комисијата на тоа гледа како на позитивен развој. Накратко кажано: ние гледаме јасно назадување во европскиот развој на земјата“ - вели д-р Кристоф Бергнер во своето резиме на седницата на Комисијата, на барање на Дојче веле.