1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јасна порака до критичарите

Филип Билски/превод:бг17 април 2015

Кинеската новинарка Гао Ју е осудена на 10 години затвор. Тоа уште еднаш покажува како властите во Пекинг се однесуваат кон критичарите на режимот, смета Филип Билски.

https://p.dw.com/p/1F9rg
Фотографија: DW

Се чинеше дека последниве месеци кинеската влада ја одложуваше одлуката во „случајот Јао Гу“. Пресудата беше двапати одложена, што е необично за кинеските судови. „Политичкото раководство сѐ уште не одлучило“, призна во неформален разговор еден од судиите. Оптимистите сметаа дека тоа е добар сигнал. Но дури ни најголемите оптимисти не се надеваа дека ќе биде ослободена.

Во април 2014 година, 71-годишната беше уапсена од полицијата во Пекинг. Беше обвинета дека објавила државни тајни. Но немаше детали за тоа кои документи Гао наводно ги објавила. Набљудувачите сметаат дека се работи за т.н. „Документ бр.9“. Тој документ предупредува дека западните идеи како концептот на парламентарна демократија или слободата на печатот се закана за Комунистичката партија и се бара поригозорен идеолошки став. Детали од текстот се појавија прво на неколку странски интернет-страници, а потоа и на кинеските.

NICHT VERWENDEN! Stattdessen 45683098 Benutzen - Bilsky Philipp Kommentarbild
Филип БилскиФотографија: DW

Сега пресудата е објавена и Гао треба да мине 7 години во затвор. Судот го потврди обвинението дека таа оддавала државни тајни. Пресудата е јасен сигнал до сите оние кои се критични кон кинеската влада.

Притисокот врз критичарите трае веќе со месеци. Последниот пример беше апсењето на пет феминистки кои сакаа да протестираат против сексуалното малтретирање во јавниот превоз. Активистките беа пуштени со кауција, но судењето претстои. Тој случај е особено апсурден затоа што Комунистичката партија сака да се портретира себеси како заштитник на женските права. Очигледно за кинеската влада важи само едно нешто: замолчувањето на каква било форма на отпор.

Пресудата против Гао Ју се совпаѓа во овој образец. Кинеската влада очигледно сака набрзина да спречи каков било предизвик за „кинескиот сон“ на претседателот Ши Џинпинг. Мразот за оние кои имаат критично гледање во Кина станува многу тенок.