1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јапонија: Многу повредени при ненадејна вулканска ерупција

ЕМФ/дпа/дв27 септември 2014

При ненадејна ерупција на вулкан во Јапонија тешко се повредени најмалку 32 лица. Голем број други имаат полесни повреди.

https://p.dw.com/p/1DM41
Фотографија: REUTERS/Kyodo

Кошмар за планинарите на 3.067 метри високиот врв Онтакесан во Јапонија - без какво и да било предупредување еруптираше вулкан. Притоа, тешко се повредени најмлку 32 лица, од кои седуммина ја загубиле свеста во текот на сивиот дожд од пепел. Според наводи на полицијата, вулканот, кој се наоѓа меѓу центраните провинции Нагано и Гифу, еруптирал денеска (27.09) околу пладне. Во времето на ерупцијата, во насока на врвот Онтакесан се наоѓале околу 250 планинари. Со оглед на тоа што се стравува од натамошни ерупции во текот на ноќта, како што јавија локалните медиуми, и натаму треба да продолжат спасувачките активности.

„Имаше звук како кога грми, небото се смрачи од чад“, изјави сопственик на една од планинарските колиби во регионот. Сега околината е покриена со 15 сантиметри дебела покривка од пепел. Јапонскиот премиер Шинзо Авбе, како што јави агенцијата Кјодо, и‘ наредил на армијата да учествува во спасувачките активности.

Japan Vulkan Ontake Ausbruch
Регионот е покриен со 15 сантиметри дебела покривка од пепелФотографија: REUTERS/Kyodo

Метеоролошките власти упатија предупредување до жителите во регионот околу вулканот да внимаваат на парчиња од карпи и камења кои се одронуваат. Надлежните власти забранија пристап во регионот.