1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрајк во железницата - патниците без превоз

Г.Фолмер/ А.Трајковска 18 октомври 2014

Невообичаена слика на железничките станици ширум Германија: нема патници. Поради штрајкот на машиновозачите, сообраќаат само 30 проценити од возовите - проблем за оние кои патуваат или се враќаат од одмор.

https://p.dw.com/p/1DY8X
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Stratenschulte

Пероните на главната железничка станица во Келн се празни. По шините не сообраќа ниту еден воз. Полно е само на пунктовите каде патниците можат да добијат информации. Меѓутоа, вработените во Германски железници речиси да не можат да им помогнат, оти сообраќаат само 30 проценти од возовите.

За многумина штрајкот во овој момент, кога во некои покраини завршува есенскиот распуст на учениците, а во други почнува, е вистинска катастрофа.

„Морам да патувам за Лангеог. Денес и утре нема да стигнам таму. Морам да чекам два дена“, вели еден патник.

„Ова е веќе трет пат во последната недела и штета е за сите луѓе, кои сега не можат да го продолжат патувањето. Целиот викенд ќе пропадне, тоа не е во ред“, вели друг патник.

Зошто синдикатот на машиновозачите (ГДЛ) го организираше штрајкот? Тие бараат зголемување на платите за пет проценти, два часа пократка работна недела и мандат овој синдикат да може да ги застапува и другите професионални групи работници во железницата. Кондуктерите и сервис-персоналот досега ги организираше синдикатот за железница и сообраќај (ЕВГ).

Германски железници од своја страна одбива различни тарифни договори. Портпаролот на Дојче бан Ахим Штраус подвлекува: „Еден кондуктер или машиновозач, да биде платен, да има регулирање на паузата или распределба на смени во зависност од тоа во кој синдикат припаѓа, тоа нема да функционира и тоа ќе ги подели вработените“.

Досега синдикатот на машиновозачите ги отфрли сите понуди на Дојче бан. Штрајкот треба да продолжи до понеделник наутро.