1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шкотска: Секој глас е важен

Габи Бисингер / Александра Трајковска18 септември 2014

Веќе 300 години Шкотска е дел од Обединетото Кралство. Веќе 300 години постојат напори тоа да се промени. Сега дојде денот на одлука за независноста - и важен е секој глас.

https://p.dw.com/p/1DDmH
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Gerig

Се брои секој час и секој глас, секој разговор кој ќе придонесе неопределениот гласач да се придобие да гласа со „Не“, смета Кет Хедли, од кампањата „Подобро заедно“ во Глазгов. Исто така и политичарите во Лондон се обидуваат да спасат, што може да се спаси.

Со месеци се чинеше дека премиерот Дејвид Камерон и двајцата шефови на партиите на лабуристите и либералдемократите со необрнување внимание сакаат да го потиснат гласањето во Шкотска до беззначајност. Но, откако анкетите почнаа да предвидуваат дека исходот е неизвесен, во Лондон владее „проектот паника“ - односно ненадеен акционизам.

Прво, Камерон уште еднаш упати молба до своите шкотски сонародници да останат. Потоа Алистар Дарлинг од Лабуристичката партија се обиде со заплашување: „Што би можело некого повеќе да заплашува отколку да не знае која валута ќе дојде. И кој треба да ги плати пензиите. Сето тоа е неразјаснето“.

David Cameron Ansprache Referendum 15.09,2014
Премиерот Дејвид КамеронФотографија: Reuters/Dylan Martinez

Повеќе компетенции за Единбург

Премиерот Камерон, шефот на лабуристите Милибанд и шефот на либералдемократите Ник Клег заеднички преку најголемиот булевраски весник на Шкотска се согласија за нови поволности за Шкотланѓаните. Несекојдневен потег на политичките противници, кои за осум месеци сакаат да излезат како победници од претстојните парламентарни избори. „Тоа од секогаш го нудевме“, тврди премиерот. „Повеќе компетенции за парламентот во Единбург, ако кажете 'не'“.

Сето празни ветувања - го отфрли обидот Никола Стурџон, заменик премиерката од Шкотската национална партија. Најавата била навреда за избирачите. „Гласачите не се глупави. Ним им се сервира ова таканаречено ветување, но се разбира не се кажува за кои компетенции точно се работи. И ако мислат сериозно, зошто не го понудија тоа многу порано?“

„Резултат исто толку лош како и другиот“

Сепак би можело навистина да функционира, да се исплати сметката на Камерон и остатаните, да ги задржат Шкотланѓаните во земјата со понудата за поголеми права за соодлучување. Преку 70 проценти од Шкотланѓаните сакаат пред сѐ повеќе политичка моќ за нивниот парламент во однос на Лондон - не безусловно целосна независност, смета политикологот Чарли Џефри од универзитетот во Единбург.

Schottland Unabhängigkeit Marsch des Oranierordens in Edinburgh 13.09.2014
Маршови „за“ и „против“ независностаФотографија: picture-alliance/dpa/A. Rain

Некои Шкотланѓани меѓутоа веќе капитулираа од сите ветувања и сценарија „што би било кога би било“. Џо работи на најголемото рибно пристаниште во Шкотска во Фрејсерберу. Тој веќе заврши со референдумот: „Нема да одам на гласање. Тоа е мое право. Мислам дека едниот резултат е исто толку лош како и другиот“.