1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Швајнштајгер е новиот капитен на германскиот национален тим

ЕМФ/дпа2 септември 2014

Селекторот Јоахим Лев денеска (2.09) одговори на две итни прашања поврзани со фудбалската репрезентација на Германија - новиот капитен и заменикот тренер на националниот тим.

https://p.dw.com/p/1D5LM
Фотографија: picture-alliance/dpa

Бастијан Швајнштајгер (30 години, 108 настапи за репрезентацијата) е нов капитен на националниот тим, а Томас Шнајдер е нов ко-тренер. Со овој двоец и селекторот Лев на чело, германските фудбалери се упатуваат во насока на финалето на Европското првенство што ќе се одржи за две години. Лев ги соопшти одлуките на еден ден пред првиот тест-натпревар на репрезентацијата по триумфот на Светското првенство во Бразил.

„Долги години, веќе 10 години, имаме однос на меѓусебна доверба. Тој има огромно искуство, ужива висок степен на прифатеност во тимот и кај тренерите, за нас е важен човек за комуникација“, изјави денеска на прес-конференција селекторот Јоахим Лев, коментирајќи ја одлуката за Швајнштајгер како човек кој одоаѓа на местото на Филип Лам.

Со оглед на тоа што Швајнштајгер е повреден и на утрешниот натпревар против Аргентина нема да истрча на теренот, германската репрезентација ќе ја предводи Мануел Нојер.

Новиот ко-тренер Шнајдер, пак, ќе седне на клупата на местото на Ханзи Флик во октомври. Шнајдер на 9. март беше отпуштен од тренерската позиција во Штутгарт. Својата тренерска кариера ја има почнато како тренер на младинската екипа на Штутгарт. Лев денеска во Диселдорф изјави дека согледувањата на Шнајдер се за него „многу разумни, сфатливи и многу интересни“, а освен тоа селекторот верува дека ко-тренерот и како човек добро ќе одговара на тимот.