1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прислушкувани над сто новинари

Катерина Блажевска25 февруари 2015

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска презентира снимени телефонски разговори кои би требало да сведочат за прислушкување на бројни новинари и за „нарачки“ од страна на политичарите од власта до медиумите.

https://p.dw.com/p/1Eh6g
Фотографија: Petr Stojanovski

Пукна и четвртата бомба на СДСМ. Лидерот на партијата Зоран Заев, на денешната пресконференција најави презентација на разговори, кои, според него, сведочат за незаконско прислушкување на над сто новинари од повеќе медиуми, од страна на еден центар- Управата за безбедност и контраразузнување. Од првата снимка, на која според Заев е гласот на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, се слуша како таа со шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протоѓер, договараат како да пласираат одредени вести и во кои медиуми.

Вториот презентиран разговор, наводно меѓу уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ Латас и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска . Таа во разговорот му се лути поради тоа што тој доцна пласирал одредена вест, а Латас и одговара дека неможе да стигне од премногу нарачки. Во трет разговор, Јанкуловска, наводно во разговор со портаролот на МВР Иво Котевски, забранува да се емитува одредена емисија на МТВ или во спротивно новинарката ќе лета од работа. Презентацијата на други разговори од т.н четврта бомба на СДСМ е во тек.