1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чекор по чекор до договорот меѓу ЕУ и Украина

Наталија Соколовска/ Ивана Стојкова16 септември 2014

Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Елмар Брок за Дојче веле го објаснува економскиот дел од Спогодбата за асоцијација помеѓу ЕУ и Украина ќе стапи во сила на крајот од 2015 година.

https://p.dw.com/p/1DDIG
Фотографија: KAS

ДВ: Политичкиот дел од Спогодбата за асоцијација помеѓу Украина и ЕУ треба да стапи во сила во ноември – по ратификацијата во Европскиот и украинскиот парламент. Но, економскиот дел од Спогодбата за слободна трговија е одложен за крајот на 2015 година. Што тоа значи за Украина?

Елмар Брок: Ништо не се одложува. Се потпишува Спогодба, чија примена во некои сегменти ќе биде асиметрична. На пример, царина на украинските производи во ЕУ и натаму нема да има, како што тоа беше и во случајот за време на провизорното спроведување на договорот. Но Украина и натаму ќе може да воведува царини на одредени производи. Имплементацијата се одвива чекор по чекор се‘ додека целосно не стапи во сила.

ДВ: За многу Украинци оваа одлука беше неочекувана. Зашто токму сега беше донесена одлуката?

Елмар Брок: Уште во Њупорт (на самитот на НАТО) се говореше за тоа. Ние уште на самитот на ЕУ во јули почнавме да ја разгледуваме таа можност. Во случај на целосно спроведување, на пример, пазарната моќ на европските компании може да предизвика штета во украинската економија. Поради тоа, украинските претприемачи за време на трансформацијата имаат време, во одредени сектори да се подготват за условите со конкуренцијата.

ДВ: Што во следните 15 месеци, до целосната имплементација мора да се случи во Украина?

Елмар Брок: Украинците мора да го поминат процесот на трансформација, на пример да ги укинат законите за даноците и царините. И ние ќе се потрудиме тој процес да не се забави. Но, од наша страна, помагаме и со тоа што не инсистираме тоа веднаш да се случи. Ова би го поткрепил со еден пример од минатото: кога Советскиот Сојуз се распадна во 1991, источногерманската економија веќе не испорачуваше одредени врсти на стоки на Советскиот Сојуз во 1994 и 1995 и тоа доведе до нејзино распаѓање. Но тоа сега не може да се случи, благодарејќи на спогодбата со Украина.

ДВ: Значи затоа за Украина спроведувањето на договорот во дело е предност?

Елмар Брок: Да.

ДВ: Кои се предностите и недостатоците од ваквиот чекор за ЕУ?

Елмар Брок: Поради ситуацијата во Украина и влијанието на Русија, ние се откажуваме од дел од придобивките кои би ги имале и истите дури отпосле ги ставаме во сила. Украинците и натаму можат да воведуваат одредени царини за да ја заштитат сопствената економија, додека ние не можеме.

ДВ: Русија во следните неколку месеци може да излезе со дополнителни забелешки во однос на Спогодбата за асоцијација. Дали тоа може да предизвика промени во Договорот?

Елмар Брок: Не, тој чекор е завршен и Русите го прифатија. Присуствуваа на преговорите и се‘ стапи во сила. Сега тоа постепено се спроведува на дело, како што е всушност случајот со многу други договори. Правно гледано, целиот договор, со сите детали стапува на сила. Само што често пати има преодни решенија кои се вообичаени.

Германскиот политичар Елмар Брок од 2012 е претставник на Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламе