1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватска го испорача Мустач - чекор поблиску до вистината

Синиша Богданиќ / Елизабета М. Фиданоска18 април 2014

Хрватска и‘ го испорача на Германија поранешниот шеф на југословенската тајна служба Здравко Мустач. Семејствата на жртвите на УДБА се надеваат дека на виделина ќе излезе вистината и правдата.

https://p.dw.com/p/1BkjZ
Фотографија: picture-alliance/Pixsell

Заврши правосудното натегање околу испораката на Здравко Мустач и Јосип Перковиќ, некогаш високо позиционирани службеници на поранешната југословенска тајна служба за државна безбедност, позната како УДБА. Првиот беше шеф на сојузната организација, а вториот му беше потчинет како шеф на републичко ниво. Заеднички им се и заслугите во создавање на хрватските тајни служби, но и потерницата која по нив ја распиша Германија поради убиство извршено на нејзина територија.

Хрватска, на три дена пред влезот во ЕУ, со неуверливи објаснувања на владата, ги заштити двајцата со тоа што ја ограничи примената на Европскиот налог за апсење само на казнени дела извршени по 7 август 2002 година. По острите тонови разменети со Европската Комисија, налогот почна да се спроведува во целост од јануари годинава. Откако на крајот на јануари пред германскот правсодуство е донесен Јосип Перковиќ, вчера (18.04) во Германија стигна и неговиот некогашен шеф, Здравко Мустач.

Kroatischer Geheimdienstagent wird an Deutschland ausgeliefert
Здравко МустачФотографија: picture-alliance/Pixsell

Двајцата ќе одговараат за убиството на хрватскиот дисидент Стјепан Ѓурековиќ, извршено во јули 1983 година во покраината Баварија. Ѓурековиќ, како што се претпоставува, во тоа време бил опасен за корумпираните политичари и стопанственици во поранешна Југославија, кои преку тајните служби наложиле неговот отстранување „по кратка постапка“. Овој случај, како што се надеваат многумина во Хрватска, би можел да поттикне и расветлување на бројни други ликвидации на УДБА, како во Хрватска, така и меѓу емигрантите.

Мустач секогаш беше во втор план

Самата испорака на Здравко Мустач не предизвика ни половина од „вревата“ во хрватската јавност како испораката на Јосип Перковиќ во јануари. Причината е делумно и во природното „смирување“ на приказната, но и во тоа што од почетокот, поради некоја причина, се‘ беше фокусирано на Перковиќ, вели за ДВ Ивица Џикиќ од неделникот „Новости“. Тој нагласува дека законот поради кој Хрватска ги заостри односите во ЕК веднаш беше наречен „Лекс Перковиќ“.

Kroatien Josip Perkovic Prozess
Јосип ПерковиќФотографија: picture-alliance/dpa

Според Џикиќ, Мустач „не се истакнувал за разлика од Перковиќ, кој даваше интервјуа за медиумите“. А притоа, тој цело време му бил надреден на Перковиќ, па дури и во време на убиството на Ѓурековиќ, „така што е неспорен фактот дека Мустач во разузнавачките системи на Југославија и Хрватска бил помоќен од Перковиќ“, вели Џикиќ.

Блискост со Туѓман

Погледнато од перспектива на државотворноста, улогата на Мустач и Перковиќ е огромна, оценува Џикиќ. „Во време кога Југославија се распаѓа, а Хрватска се создава, Мустач е шеф на сојузната тајна полиција, градена 50 години. Моќта, информациите, влијанието, врските и документите кои ги поседувал Мустач биле од непроценлива важност за некои луѓе во Хрватска, а и за создавањето на Хрватска. Истото важи и за Перковиќ, со тоа што тој во тоа време бил на пониско оперативно ниво. Мустач бил на врвот, а Перковиќ морал да решава конкретни работи, како што е пуштање камиони со оружје“, вели Џикиќ, реконструирајќи ја воената ситуација од 1990-тите, кога по враќањето во Загреб Мустач е именуван за заменик началник на Уредот за заштита на уставниот поредок.

Kroatien Ex-Präsident Franjo Tudjman Archivbild 1995
Фрањо Туѓман (архива, 1995 година)Фотографија: picture-alliance/dpa

Тој додава дека на семејството на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман несомнено поблизок му бил Здравко Мустач и по логика на функцијата од која дошол од Белград во Загреб, но и по логиката на својата интелигенција. „Мислам дека цело време беше таен советник на Туѓман за некои многу сериозни работи.“ За блискоста со семејството Туѓман зборува и податокот дека Мустач неколку години беше шеф на обезбедувањето во Каптол банката, чиј сопственик беше Дејан Кошутиќ, внукот на Фрањо Туѓман.

Почеток на лустрација?

За дел од јавноста, особено оној кој е поблизок до радикалната десница, овие испораки се само почеток на чистењето на општеството од припадниците на југословенските тајни служби, кои наводно се бројни во политичкиот и јавниот живот на Хрватска. Џикиќ наведува дека не ја исклучува таа можност, но не верува во „центри на моќ“ кои управуваат од сенка. „Мој впечаток е дека наспроти јавната дебата околу испораката на Перковиќ, таа тема не заинтересира позначаен дел од хрватската јавност, затоа што е преегзотична за да предизвика интерес кај некого. Мислам дека луѓето ги имаат сместено Перковиќ, Мустач и сличните кои ги водиме под име ‘удбаши‘ во фиоката на негативците, но не на начин да со нив да се занимаваат страсно“, убеден е Џикиќ.