1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Хомс е следната цел на ИД“

Петер Хиле24 мај 2015

По заземањето на Палмира, џихадистите од Исламска држава (ИД) во своите раце држат половина од Сирија. Времето работи за ИД. Во опасност се и Дамаск и Багдад, вели за ДВ политикологот и експерт за исламот, Михаел Лидерс.

https://p.dw.com/p/1FVib
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Raqqa Media Center

ДВ: Господине Лидерс, дали освојувањето на Палмира е одлучувачка победа за исламистите или со тоа само ја хранат својата пропагандна машина?

Михаел Лидерс: Не, тоа е навистина важна победа за „Исламска Држава“. Со тоа и градот Тадмур, сместен во близината на Палмира, e прв град под контрола на Асадовата војска кој го освои ИД. Тоа значи е и психолошки пораз за Асадовиот режим.

Градот-оаза Палмира е познат по антички храмови и културно-историски споменици. Дали тоа е причина зошто ИД влезе во овој град?

Секако и ИД добро знае за какво културно наследство и богатство станува збор. Постои страв дека ИД ќе продаде се’ што може да се продаде. Многу работи зборуваат во прилог на претпоставката дека овој антички споменик на културата, кој ги преживеа последните 2.000 години, сега ќе биде миниран. Тоа се вклопува во досегашната логика и постапките на ИД. Се’ што е пред времето на исламот, за овие „божји борци“ и нивната идеологија е неисламско- и треба да се уништи.

22.11.2012 DW QUADRIGA Michael Lüders
Германскиот експерт за Блискиот Исток, Михаел Лидерс

Каво стратешко значење има за ИД освојувањето на овој град со 70.000 жители?

Морате пред себе да имате географска карта и тогаш се’ ќе ви биде јасно. Од Тадмур или Палмира до Хомс има само 150 километри. Хомс е е многу важен геостратешки град, таму се вкрстуваат сите патишта од насоките север-југ и исток-запад. Покрај тоа, меѓу Палмира и Хомс се наоѓаат многубројни нафтени и гасни полиња. Затоа Хомс би можел да биде наредна цел. Доколку тоа успее, тогаш тоа за Асадовиот режим ќе биде погубно.

Во соседен Ирак , борците на Исламската Држава за време на изминатиот викенд го зазедоа градот Рамади. Со недели можеше да се слушне дека ИД е ослабена. Дали тоа беа неточни информации.

Точно, тоа беше пренапумпана верзија на тајните служби. ЦИА, но и германската тајна служба БНД по повторното завземање на Тикрит, од стана на ирачката армија и шиитските доброволци, ширеа информации дека ИД е притисната до ѕид. Таа анализа беше повеќе желба отколку факт. ИД повторно располага со голема самоувереност. Џихадистите сфатија дека можат да ги избегнат американските напади ако напредуваат во мали единици, а не во конвои.

Меѓутоа ирачката армија јавува оти има извесен успех: Самонаречениот Калиф Ал-Багдади во февруари за време на американските воздушни напади беше тешко ранет, а неговиот заменик Ал-Афри наводно е убиен. Верувате ли во тоа?

Такви информации имаше и порано. Некој кој е надвор од сето тоа тешко дека може да препознае дали е тоа точно или се работи за воена пропаганда.

Bildergalerie Palmyra
Античкиот град ПалмираФотографија: picture-alliance/dpa/Scholz

Ако Палмира за ИД има големо значење во поглед на напредување кон Дамаск, какво значење има освојувањето на Рамади за напредување кон Багдад?

Рамади се наоѓа на само 100 километри од Багдад. Исламската Држава би можела, ако продолжи во насока на Багдад, да го нападне аеродромот. Но невозможно е да го заземе Багдад. ИД е чисто сунитска екстремистичка групација и може да се движи само на територии, кои се во поголем број населени со сунити.

На кој начин може да се спречи продорот на ИД, не само во Ирак туку и во Сирија? Ќе направи ли Западот пакт со сирискиот претседател Башар ал Асад?

Асад и припадниците на неговиот режим се во секој случај злосторници. Но Асад е последниот кој е во состојба воено да ја запре Исламската држава, барем во Сирија. Западот мора да одлучи дали сака пад на режимот на Асад, што постојано го бараше во минатото. Во тој случај би се создал вакуум на моќта околу Дамаск, кој би можеле да го пополнат припадниците на ИД или на Нусра-фронтот, огранокот на Ал Каеда. Бидејќи тоа на Запад никој не го посакува, постои само една алтернатива, а таа гласи- воено да се поддржи Асад. А тоа пак значи откажување од политиката која се водеше во изминатите години.

Syrien Bürgerkrieg Stadt Homs
Сирискиот град ХомсФотографија: DW

Се однесува ли тоа и на соработката со Техеран?

Тука е направен голем исчекор. Де факто Вашингтон молчешкум дозволува сѐ што презема Техеран, пред сѐ обуката на шиитската паравојска за борба против ИД. Во Сирија тоа изгледа малку поинаку, таму нема шиитски единици како во Ирак, таму Хезболах од Либан се грижи за борците. Меѓутоа, водечки ирански офицери командуваат со единиците на сириската војска. Во Вашингтон се знае за тоа и се молчи, бидејќи тоа е подобра алтернатива отколку Исламската држава да го заземе Дамаск.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема