1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ФИФА ја казни Аргентина поради политички транспарент

АТ/ миа/дпа/сид26 јули 2014

Аргентинскиот фудбалски сојуз мора да плати парична казна на ФИФА поради политички транспарент. Светската фудбалска федерација во тоа гледа прекршување на нејзините правила.

https://p.dw.com/p/1CjFV

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Аргентина со 30.000 швајцарски франци (околу 25.000 евра). Причината поради која е казнет Фудбалскиот сојуз на Аргентина е еден гест, кој го направија неколкумина репрезентативци на Аргентина. Фудбалерите за време на подготовките за Мундијалот во Бразил, на 7. јуни во Буенос Аирес, пред пријателски натпревар против Словенија извадија транспарент со натпис „Las Malvinas Son Argentinas“ (Фолкландските острови се Аргентина).

Според правилата на ФИФА, на официјални натпревари е најстрого забрането истакнување на политички пароли. Светската фудбалска федерација во тоа гледа прекршување на нејзините правила, според кои фудбалерите не смеат да шират политички пораки.

Аргентина и Велика Британија во 1982 година водеа војна за Фолкландските острови, за кои Аргентинците сметаат дека се нивна територија, иако од 1833 година тие се под власт на Британците.

Ова е втор пат овој месец ФИФА да го ја казни Фудбалската федерација на Аргентина. Првата казна беше десет пати поголема, односно Сојузот беше казнет со 300.000 швајцарски франци (околу 247.000 евра), поради прекршување на правилата на ФИФА. Имено на официјалните прес-конференции еден ден пред натпреварите против Нигерија, Швајцарија, Белгија и Холандија бил присутен само селекторот Алхандро Сабела. Правилата на ФИФА предвидуваат покрај тренерот да биде присутен најмалку уште еден фудбалер.