1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фестивалот „Браќа Манаки“ почнува вечерва со Жилиет Бинош

АМ/миа13 септември 2014

Во Битола вечер свечено ќе биде отворен 35. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ (ИФФК), на кој до 19 септември ќе бидат прикажани 76 филмови во неколку програми.

https://p.dw.com/p/1DBlB
Фотографија: Christine PLENUS

Од нив 11 се во главната програма во трка за наградите „Камера 300“ (Златна, Сребрена и Бронзена). Мотото на фестивалот е „Кон ѕвездите“, а ѕвезда на годинашниот ИФФК е една од најпознатите и најнаградувани светски актерки, оскаровката Жилиет Бинош. Нејзе ќе и биде врачена Специјална награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Фестивалот ќе биде отворен со најновиот филм во кој глуми Бинош - „Облаците на Силс Марија“.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе се обрати на свеченото отворање на 35. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”. И оваа година фестивалот „Браќа Манаки” е под покровителство на претседателот на Република Македонија.

Годинашни лауреати-кинематографи се Крис Менџис, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Лука Бигаци, добитник на Специјалната награда „Златна камера 300“. Во нивна чест ќе бидат прикажани филмовите „Читачот“ и „Големата убавина“.

"Manaki Brothers
Фотографија од минатогодишниот фестивал „Браќа Манаки“Фотографија: MIA

На 35. ИФФК се и премиерите на два македонски филма: „До балчак“ на Столе Попов, на втората фестивалска вечер, и „Децата на сонцето“ на Антонио Митрикески, на затворањето на фестивалот на 19 септември.

Во соработка со Европската асоцијација на кинематографери (ИМАГО) на 18 септември ќе биде одржана Третата балканска конференција на кинематографи во рамки на ИФФК.

Наградата „Златна ѕвезда“, која лани ја воведе Друштвото на филмски професионалци на Македонија, ќе му биде доделена на Милчо Манчевски, кој пред 20 години со „Пред дождот“ освои „Златен лав“ во Венеција. Во чест на Манчевски ќе бидат прикажани и „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“.