1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уставниот суд го аминуваше бркањето новинари

БГ/макфакс17 април 2014

Уставниот суд во Македонија оцени дека отстранувањето на новинарите од собраниската сала за време на инцидентите на 24 декември минатата година било во функција на нивна заштита.

https://p.dw.com/p/1BkAp
Фотографија: Petr Stojanovski

Уставниот суд оцени дека отстранувањето на новинарите од Собранието на 24-ти декември 2012 година било поради нивна заштита. Со ваквата одлука, судот ги одби двете барања за заштита на слободите и правата поднесени од шест новинари и од Здружението на новинари на Македонија. Судот проценил дека физичкото отстранување на новинарите од галеријата настанало поради конкретна ситуација на ескалација на хаос и безредие, а целта била да се заштитат новинарите и да се обезбеди ред во салата. Барањето на ЗНМ, судот го одбил од процедурални причини, затоа што подносител може да биде само физичко лице.

Mazedonien Zwischenfall im Parlament von Skopje
Новинарите беа отстранети од собраниската сала на 24 декември 2012 годинаФотографија: MAKFAX

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, за телевизијата Нова изјави дека тие ќе поведат постапка пред Судот за човекови права во Стразбур откако Уставниот суд ги одби двете барања за заштита на слободите и правата поднесени од шест новинари и од ЗНМ поради насилното отстранување на новинарите од собраниската сала на 24 декември 2012. Селмани вели дека засега ќе се воздржи од коментари за самата пресуда бидејќи се‘ уште ја немаат добиено истата.