1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Универзитетот Рупрехт Карл

21 август 2011

Универзитетот „Рупрехт Карл“ во Хајделберг на реката Некар е основан во 1386 година. Во тоа време, во Хајделберг се образувала научната елита на доцниот среден век.

https://p.dw.com/p/Pk8v
Фотографија: dpa

Основачот на универзитетот, кнезот Рупрехт Први, по чиешто име институцијата го добила името, лично праќал покани до професори од Прага и Виена со цел да започнат професорски ангажман на Универзитетот во Хајделберг.

Универзитет со долга традиција

Verwaltunggebäude der Ruprecht-Karls Universität in Heidelberg
Управната зграда на Универзитетот во ХајделбергФотографија: AP

Денес на овој универзитет студираат околу 25.000 студенти. Во 2007 година, институцијата го доби епитетот „елитен универзитет“. Најголем предизвик за најстариот универзитет во Германија е да најде одговор на најважните прашања од човековиот живот. За таа цел се изградени центри за интердисциплинарно истражување. Од друга страна, Хајделбершкиот униврезитет засилено инвестира и во својот научен подмладок; не само што е зголемен бројот на млади вонредни професори, туку истите можат да предаваат на семинари кои се во понудата на факултетите.

Релаксирање покрај реката Некар

Студентскиот живот во Хајделберг се одигрува во Стариот град, позпознат како „Алтштат“. Во голем број од барокните згради се наоѓаат универзитетски институции. Патот од универзитетскиот кампус до центарот на градот е прилично краток, а тревните површини и зеленилото околу реката Некар ги мамат луѓето да се опуштат, пиејќи пиво, печејќи скара итн. Според статистичките податоци на Универзитетот, секој петти студент во Хајделберг е странец.

Совети за новопечените студенти

Deutschland Geschichte Heidelberg Neckar und Altstadt 1894
Поглед на реката Некар во Хајделберг, 1894 годинаФотографија: ullstein bild - histopics

Сојузот на студенти е адресата на која студентите може да се информираат за какви било аспекти од студентскиот живот. Тука работат искусни студенти кои се добро запознаени со работата на Универзитетот.

Странските студенти, кои сакаат да закажат термин за советодавен разговор во врска со студиите, може да се јават во Канцеларијата за странци или во т.н. „Инфо кафе интернационал“ кое што се наоѓа во централната менза. Тука се посредува и за студентски апартмани и соби.

Автор: Ана Алмелинг / Љубинка Божиновска

Редактор: Александара Трајковска