1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украинските гласачи ги казнија националистите

Халина Стаднук/ Жана Ацеска31 октомври 2014

Во украинскиот парламент ќе има малкумина радикални националисти. На изборите дебакл доживеа првенствено партијата „Свобода“. Кои се причините за поразот, според аналитичарите?

https://p.dw.com/p/1DeY2
Фотографија: Reuters

Тоа што десноориентираната партија „Свобода“ (Слобода) не успеа да го премине изборниот праг за влез во Парламентот од пет проценти на предвремените избори, за многумина е изненадување. На последните парламентарни избори во 2012 година партијата имаше над десет проценти гласови и 37 нејзини пратеници седеа во парламентарните клупи, во иднина ќе има само шест, кои добија директен мандат.

Неуспехот на „Свобода“ е најизразен во нејизните некогашни упориштаво западна Украина. Изборните резултати се слаби во сите региони. Така на пример во Л‘вов не беше избран ни еден единствен кандидат на партијата.

Западноукраинците отворено критикуваат

Луѓето во Л‘вов не го кријат своето разочарување од партијата, неа отворено ја критикуваат по улиците.

„Жалам што порано сум гласал за овие луѓе. Тие само се жестеа и развикуваа во парламентот. Според мене, тие не се во состојба за нешто повеќе, ниту пак извлекоа поука“, огорчен е стопанственикот Орест.

Речиси секој со кој ќе разговарате во Л‘вов вели-партијата се бламираше.

„Тие не се однесуваа соодветно. Тоа беше добро само за сликите кои ги објавуваа руските медиуми. Да не споменуваме дека меѓу нивните зборови и дела има бездни“, вели пензионерката Слава. И таа пред две години гласала за „Свобода“.

„Но, тие често беа агресивни. Нам ни треба толеранција, не смее да се биде толку неразумно радикален, првенствено при прашањето за јазикот“, истакнува таа.

Партијата побара повлекување на законот со кој во некои области во Украина рускиот јазик уживаше статус на регионален јазик.

Радикализмот веќе не е на цена

Поразот на пратијата „Свобода“ на овие избори има неколку причини, смета политикологот Оксана Дашчакивска. Основно, расположението на гласачите се промени од радикално кон умерено, исто така и во западниот дел од земјата, каде партијата порано уживаше голема подршка. Освен тоа, „Свобода“ не се истакна со свои успеси во работата во Парламентот.

„И на протетсите на киевскиот Мајдан партијата најчесто беше во сенка“, вели Дашчакивска.

Така, „Свобода“ не го положи тестот за учество во власта. Во Киев само кратко време беѓе застапена во владата, а подолго време учествуваше во власта во Л‘вов.

„Но, партијата не постигна никаков успех ни таму. На гласачите им стана јасно-радикализмот не е никаква конструктивна политика“, заклучува Дашчакивска.

Партиските скандали ги плашат гласачите

Проценката на политикологот Генадиј Шупунов е-денес всушност само пет проценти од Украинците ги симпатизираат националистичките идеи на „Свобода“. Значително подобрите резултати во 2012 година се должат на тогашната политичка ситуација. Многумина луѓе давањето на својот глас за „Свобода“ сакаа даго казнат авторитарниот режим на владејачката „Партија на регионите“ на претседателот Виктор Јанукович.

И Шупунов е убеден дека „Свобода“ не ги исполни очекувањата на гласачите.

„Луѓето сакаа да видат конкретни резултати, но нив ги немаше“, вели експертот. Освен тоа, од партијата се очекуваше поголема искреност. Наспроти тоа, таа се истакна со скандали, на пример пратеничката ИринаФарион. Таа се обиде да го сокрие своето комунистичко минато. И политичарката Ирина Сех и‘ нашттеи на партијата. Откако беше назначена за гувернер на областа Л‘вов, не се откажа од својот пратенички мандат, што го предвидува законот.

„Уште пред две години партијата уживаше доверба, но скандалите сега и‘ издејствуваа непреодна оценка“, вели експертот.