1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украина и ЕУ го ратификуваа Договорот за асоцијација

ЖА/дпа/дв/афп/ртре16 септември 2014

Парламентите на Украина и на ЕУ го ратификуваа Договоорт за асоцијација. Кратко претходно украинскиот парламент усвои закон за посебен статус на конфликтното подрачје во источниот дел од земјата.

https://p.dw.com/p/1DDJX
Фотографија: Sean Gallup/Getty Images

Парламентите во Киев и во Стразбур денеска (16.09.2014) практично истовремено го прифатија меѓусебниот договор за асоцијација. Украинскиот претседател Петро Порошенко го пофали Договорот како прв чекор на неговата земја кон ЕУ.

„Денеска ја избираме европската иднина, а оваа одлука е силна и решавачка“, изјави претседателот на украинскиот парламент Oлександер Турчинов пред гласањето.

За да стапи во сила, за Договорот мора да дадат согласност сите ЕУ-влади. Русија е против Спогодбата за слободна трговија, кој е дел од Договорот и најави повеќе барања за промени. За да се амортизира тензијата во украинскиот конфликт и да и‘ се направи отстапка на Москва, Спогодбата за слободна трговија ќе стапи во сила дури од 2016 година. Тој всушност требаше да биде потпишан уште на крајот на минатата година, но тогашниот шеф на државата Виктор Јанукович го стопираше процесот и се сврте кон Русија. Последица на тоа беа масовни протести, кои водеа во сегашниот вооружен конфликт. Затоа, стапувањето во сила на Спогодбата за слободна трговија беше одложено за крајот на 2015 година, поради критиките од страна на Русија. Со тоа ЕУ сигнализираше подготвеност за преговори со Русија.

Ова треба да биде историски ден за односите меѓу Украина и Европската Унија, бидејќи европратениците во Стразбур и пратениците на Украина во Киев симултано гласаа за Договорот за асоцијација.

Амнестија на учесниците во настаните во Донбас

Украинскиот парламент го усвои денеска законот за амнестија на учесниците во настаните во Донбас. За законот поднесен од претседателот Петро Порошенко гласаа 287 пратеници при минимално неопходни 226 гласови, јави ИТАР-ТАСС. Усвоениот закон за амнестија ги одредува и условите под кои соодветните лица се ослободуваат од кривична и административна одговорност.

Поднесените предлог-закони од страна на Порошенко вклучуваат самоуправа на источноукраинските територии околу Доњецк и Луганск, контролирани од проруските сепаратисти, предвремени локални избори во тие региони и амнестија за сите учесници во конфликтот.