1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција под сѐ поголем притисок од бегалците

Сенада Соколу/ А.Трајковска 29 август 2014

Мешавина од хуманитарна помош во камповите и толерирањето на нелегалната работна сила го прави животот на сириските бегалци во Турција поднослив. Но, нивниот број расте, а со тоа и проблемите во земјата.

https://p.dw.com/p/1D3e4
Фотографија: picture-alliance/dpa

Јусеф со двајца другари дојде во Истанбул пред неколку денови. Во сириската граѓанска војна тој бил повреден во левото око со парчиња од граната. Тројцата сириски бегалци живееја осум месеци во еден бегалски камп во источно-турскиот град Урфа. Потоа се упатија на запад. „Кој знае уште колку ќе трае војната. Не можеме во наредните десет години да живееме во кампови“, вели 20 годишниот Сириец во разговор со ДВ.

Овде во Истанбул тројцата мажи се на улица - без работа, без храна. Но, со надеж за брза медицинска помош за окото на Јусеф. Бидејќи се нови во градот, не знаат каде да одат. За почеток не им преостанува ништо друго, освен да просат. „Многу е тешко да се најде работа во Истанбул. Освен тоа се заработуваат многу малку пари“, вели Јусеф.

Турција како единствена шанса

За разлика од Јусеф 22 годишниот Ахмад подобро се снајде. Тој уште од пред речиси една година избега од сириската граѓанска војна во Турција. Тој работи како помошник во една електропродавница, меѓутоа без дозвола за работа и без дозвола за престој. Но, се чини тоа тука никому не му пречи.

Освен тоа турската влада заедно со невладини организации од Турција и арапските земји финансираат подготвителен курс за турските универзитети. Ако успее во тоа, тогаш може да конкурира на сите универзитети во земјата. Со тоа земјата на бегалците им нуди вистинска шанса. „Турција е за нас најдобрата опција, подобра отколку другите земји. Арапските земји не ни нудат помош. Ако воопшто тогаш ги прифаќаат само Сиријците кои имаат важечки пасош на сирискиот режим. Но, повеќето Сиријци воопшто ги немаат овие официјални документи“, вели Ахмад за ДВ.

Türkei Flüchtlinge aus Syrien
Ахмад учи за приемен тест за универзитетите во ТурцијаФотографија: Senada Sokollu

Ахмад и Јусеф се типични примери за ситуацијата на сириските бегалци во Турција. Од една страна турската влада сака да помогне. Интеграцијата на сириските бегалци се спроведува зачудувачки небирократски. Веќе преку 30.000 Сиријци можеа да завршат стручна надобразба. 70.000 деца и млади се згрижени во детските градинки и училиштата. Од друга страна Турција сѐ повеќе е преоптоварена. Само во Истанбул живеат речиси 200.000 Сиријци - и сѐ повеќе на улица.

Расте незадоволството на турското население

Поради многуте доселеници кои говорат арапски драстично се менува и сликата на милионската метропола на Босфорот. Рекламните плакати сѐ почесто можат да се видат на арапски јазик. Главен проблем за Турците е зголемената конкуренција при барањето работа. Сириските работници на црно сѐ повеќе притискаат на и онака слабиот турски пазар на трудот. Сиријците работат како келнери, шнајдери, фризери, но и во туризмот - поради нивните познавања на арапскиот јазик.

Türkei Flüchtlinge aus Syrien
Јусеф со двајца другари неодамна дојде во ИстанбулФотографија: Senada Sokollu

Но, зголемиот број на Сиријци во Турција доведува и до влошување на животната ситуација за бегалците. Меѓу турското население се шират педрасуди. Сѐ почесто се оддржуваат демонстрации против бегалците. Тие бараат Сиријците или да останат во камповите или да се вратат во татковината. „Во сопствена земја се чувствуваме како туристи“, се жали еден Турчин, кој сака да остане анонимен. Во некои места има повеќе Сиријци од Турци се жали еден трговец со зеленчук. „Не е ништо лошо, но во меѓувреме се толку многу, што земјата повеќе неможе да ги издржи“, дополнува тој.

Турската влада препозна дека постојат растечки тензии меѓу населението и бегалците и презема драстични мерки. Така на пример градоначалникот на Истанбул Хусеин Авни Мутлу според медиумите најавил дека ќе врати илјадници сириски бегалци од Истанбул во камповите на истокот на Турција. Минатиот месец веќе биле однесени од градот 500 Сиријци.

Türkei Flüchtlinge aus Syrien
Расположението во Турција кон сириските бегалци се влошуваФотографија: Senada Sokollu

Бранот бегалци се влошува

Со оглед на конфликтитие на источната граница на Турција бранот бегалци се зголемува. Само Сиријците не се единственото оптоварување на земјата и Езидите од северен Ирак побегнаа од ИД во Турција. Според податоци на турскиот Центар за заштита од катастрофи веќе 2000 Езиди побарале прибежиште во Турција. Во Ирак, во близина на турската граница треба да биде изграден бегалски камп. Тој би требло да прифати 16.000 беглаци, известува турскиот весник „Хуриет“.

Во моментов сирискиот бегалец Јусеф се обидува да најде помош надвор од Турција. Заедно со неговите двајца другари испрати писмо до ОН. Во него тој се жали за недостигот од храна и недостоинсвени човечки услови за сириските бегалци на улиците на Истанбул. Нему му е потребна помош и перспектива.