1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Темјанот и неговата улога

Румијана Таслакова7 јануари 2007

Како и секоја година, православните христијани во Бугарија и овој пат пред Божиќ ги протеруваат ѓаволот и лошите духови, со тоа што го чатат домот. Темјанот симболизира прочистување, величење и молитва. Неговиот по малку сладок мирис ги исполнува православните и католичките цркви не само за време на Божиќ. Темјанот исто така е стар народен лек, пред се во арапскиот свет. Во Оман се произведува најдобриот те

https://p.dw.com/p/Aeq5
Фотографија: Bilderbox

�јан

„Темјанот им го продаваме на муштериите, кои го пијат растворен во вода или го горат за да му се радуваат на мирисот .“ раскажува една жена завиткана целата во црна наметка на пазарот во Салалах – град со 200.000 жители на југот на Оман, центарот каде се добива Лубан, како што жителите на Оман го нарекуваат темјанот.

„Лубан користам наутро и навечер – пред изгрејсонце и по зајдисонце, бидејќи на тој начин сме благословени.“

Само Оманците смеат да го произведуваат и продаваат темјанот. – појаснува сопственичката на еден мал продажен штанд во Салалах. Помеѓу крајот на март и почетокот на април секоја година се добива темјанот. Повеќе месеци, темјановите дрвја во оманските планини, како и по делови на Јемен се сечат рамно на стеблото и чворестите гранки. Од исечените места на почетокот тече не многу вредна смола. По три недели се собира смолата која има добар квалитет. Секое дрво – во зависност од староста, големината и состојбата дава три до десет кила смола. Три до черири години се жнее а после дрвото мора да се опоравува повеќе години. „ Кога темјанот ќе го раствориме во вода го корисиме да намалиме некои тегоби - како на пример при болки во желудникот или запаление на дишните патишта.“

Уште во античко доба, високо се ценело делувањето на темјанот. Во ориенталната медицина, смолестиот темјан во облик на бисер се препорачува за зајакнување на „духот и разумот“. Во народната медицина во Европа до средината на 19 век тој се користеше за намалување на ревматични болки. Модерната медицина сега повторно ги откри можностите за терапија со темјанот - сега се вршат испитувања и против рак.

Највеќе темјанот сепак се користи во религиско окултистичките обреди. Трите крала, кои ѕвездата над Бетлеем ги водеше до Исус, како подарок му ги донесоа најскапоцените работи во тоа време: злато, миро и темјан.

Цитат: „Влегоа во куќата и ги видоа детето и Марија, неговата мајка, се фрлија пред него и му се поклонија. Потоа ги земаа нивните блага и му донесоа злато, темјан и миро како дар.“

од Евангелието по Матеј

Од 16 век темјанот, според еден закон на католичката црква се употребува и во христијанската литургија. Богослужбата се однесува на сите сетила, исто и на очите и на сетилото за мирис. Темјанот во црквата го симболизира присуството на Господ. Во литургијата на евангелистичката црква темјанот беше исклучен, бидејќи се поврзувал со католичкото учење за жртвен карактер на светата миса. Денеска, за одредени поводи сепак смее да се користи и од евангелистичките христијани.