1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тарнер побара САД да се ангажираат за решавање на спорот за името

АМ/миа26 јули 2014

Американскиот конгресмен Мајкл Тарнер во обраќање пред Конгресот повика на целосно ангажирање на американските дипломатски капацитети за решавање на спорот за името меѓу Грција и Македонија.

https://p.dw.com/p/1CjNZ
Фотографија: picture-alliance/dpa

Тарнер е член на групата за пријателство со Македонија и изјавата ја даде во рамките на коментар посветен на американскиот одговор на кризата во Украина.

„Мораме да им дадеме дополнителни гаранции на нашите европски сојузници дека САД остануваат цврсти во нашата посветеност на безбедноста. Исто така, мораме силно да извршиме притисок за проширување на НАТО. Конкретно, САД мора да го поддржат приемот на Црна Гора во НАТО и да извршат целосен дипломатски ангажман за разрешување на спорот меѓу Македонија и Грција, да побараме решавање на прашањето со Уставот на Босна и Херцеговина, и да ги охрабриме перспективите за членство на Грузија“, изјави конгресменот Тарнер.

Според него, САД и европските земји мора да се определат за зацврстување на НАТО и на тој начин „да се сузбие руската агресија и обидите за дестабилизирање на регионот“.