1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Суспензија на полицајци поради протестите во Фергусон

АТ/ афп/ројтерс/шпигел23 август 2014

По убиството во Фергусон и протестите, американската полиција е соочена со нови непријатности. Дисциплински мерки се преземени против двајца службеници поради нивниот настап на интернет.

https://p.dw.com/p/1Czev
Фотографија: Reuters

Поради протестите во американскиот град Фергусон се суспендирани двајца полицајци. Властите со ова реагираа на агресивни и навредувачки изјави на двајцата службеници кои ги дале независно еден од друг.

Суспензијата на Метју П., според дирекцијата на полицијата во Глендејл, следувала поради неговите зебелешки на Фејсбук. Полицаецот таму, меѓу другото, напишал: „Преку глава ми се протестантите. Вие сте оптоварување за општеството и мака за заедницата“. Тој исто така дополнил: „Овие протестанти требаше уште првата ноќ да се испоубијат како бесни кучиња“. Полициската дирекција најави истрага и соопшти дека таа и управата на градот „апсолутно“ не ги споделуваат гледиштата на овој полицаец.

Во вториот случај Ден П. е преместен во внатрешна служба, полицаец со 35-годишно искуство од Сент Луис, кој исто така беше ангажиран во протестите во Фергусон. Причина за оваа мерка е видео од 2012 година, кое сега се појави, а во кое овој поранешен војник пред публика се фали дека бил „убиец“.

Ден П. во филмот пред група поранешни војници и полицајци од Сент Луис вели: „Убив многу луѓе, и ако мора ќе убијам уште куп други“. „Ако не сакаш да убиваш, тогаш не ми се испречувај!“. П. во видеото исто така дава навредливи забелешки за муслиманите и хомосексуалците, како и против претседателот на САД Барак Обама и Врховниот суд на земјата.

Вчера (22.08) во Фергусон повторно имаше околу 150 демонстранти на улиците поради убиството на 18-годишниот Мајкл Браун од страна на 28-годишниот полицац Дарен Вилсон.