1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Солзавец наместо вистинска демократија

Филип Билски/превод: БГ30 септември 2014

Во Хонгконг демонстрираат илјадници луѓе против планираните изборни реформи и бараат вистинска партиципација. Но малку е веројатно дека кинеското раководство ќе попушти, смета Филип Блиски.

https://p.dw.com/p/1DNQb
Фотографија: Reuters/Carlos Barria

Судири меѓу демонстрантите и полицијата во центарот на Хонгконг- ваквите слики се несекојдневни. Десетици илјади демонстранти се движат по улиците- опремени со пливачки очила за заштита на очите, пластични капи и транспаренти. Полицијата е вооружена со солзавец и палки. Тоа се најголемите нереди откако Кина ја презеде контролата врз некогашната британска колонија во 1997 година.

Причина за протестите се реформите во изборниот систем планирани за 2017 година. Предвидено е директно гласање но со предодредени кандидати. Тоа нема никаква врска со демократија. Под тие услови, практично е невозможно да се кандидира некој критичар на режимот. Демонстрантите знаат точно што сакаат: избори кои заслужуваат да се наречат избори.

Минатата недела, студентската организација на Хонгконг отиде и чекор понатаму: во манифест побараа извинување за граѓаните на Хонгконг. Доколку тоа не се случи тие бараат оставка од водечките функционери во градот.

Можеби само мали промени

Поради тензичната состојба, раководството на Хонгконг во неделата сигнализираше подготвеност да преговара: владата наскоро повторно ќе отвори дебата околу изборните реформи. Но, детали или временски рок за предлогот нема.

Уште поважно, пораката од Пекинг е целосно различна: демонстрантите се „екстремисти“ и „радикали“ кои претставуваат малцинство. Министерството за надворешни работи ја предупреди меѓународната заедница да не се меша. Весникот Глобал Тајмс, кој се смета за близок до владата во Пекинг, пишува дека демонстрантите се свесни оти одлуката за изборните реформи не може да се промени. Извештаите за Хонг Конг се бришат од социјалните мрежи.

Засега е јасно дека се можни само минимални промени. На пример, може да се дискутира за формирањето на комитетот, кој потоа би ги бирал кандидатите, и начинот на избор на неговите членови. Но нема дилема дека Пекинг нема да отстапи ниту милиметар од клучното прашање- без разлика колку луѓе ќе излезат на улиците на Хонг Конг, вистински избори нема да има.

Philipp Bilsky
Филип БилскиФотографија: DW/M.Müller

Страв од губење на контролата

Постојат две главни причини: прво, Пекинг стравува од губење на контролата врз Хонгконг. Кошмарот на Пекинг е независно раководство во градот кое би се оттргнало од контролата на матицата и би го довел во прашање монополот на Комунистичката партија, а на долг рок би се залагало за независност од Народната република.

Пекинг е загрижен дека „моделот Хонгконг“ би создал преседан за другите делови на земјата и дека граѓаните во другите делови на Кина би се инспирирале од демонстрациите во Хонгконг, па и тие би се одважиле да побараат повеќе права протестирајќи на улиците.

Во блиска иднина, малку е веројатно дека Хонгконг ќе види вистинска демократија.