1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со заеднички проекти до пари од Европските фондови

Милчо Јованоски29 септември 2014

Водечките уневерзитети и академиите на науките и уметностите од Македонија,Турција и Бугарија во Охрид потпишаа меморандум за научна соработка. Заеднички ќе го освојуваат европскиот истражувачки простор.

https://p.dw.com/p/1DNG6
Фотографија: Petr Stojanovski

„Балканот треба да се набљудува од едно друго светло. Се' повеќе да се упатуваме кон тоа што не зближува, а се помалку кон она што може да не раздели.Треба да ги развиваме и надградуваме заедничките вредности, “ порачаа од Охрид учесниците на првата средба меѓу трите академии и трите водечки универзитети од Македонија, Турција и Бугарија.

„Европа веќе се обедини на полето на науката и образованието во еден единствен истражувачки простор. На прагот сме на една нова стратегија „Европа 2020“ која опфаќа во себе повеќе сегменти, а најзначајни се истражувањето и развојот. За нас како Балкански земји пристапот до овие европски фондови станува се покомплициран и упатени сме едни кон други да се обединуваме и заеднички да конкурираме за средства пред фондовите. Средбава има огромно значење и од неа ќе имаат полза не само нашите универзитети и академии, туку и нашите држави. Многу полесно се стигнува до парите од ЕУ ако се настапи организирано и заеднички,“ вели Велимир Стојковски ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ од Скопје кој заедно со универзитетите од Истанбул и Софија беше иницијатор за средбата.

Во Охрид се договараат три главни области во кои во иднина би се соработувало: медицината, електротехниката и информатичките и телкомуникациските технологии и хуманистичките науки. „Пилот - проекти веќе се започнати и задоволни сме од тоа како тие функционираат но апликациите ќе зависат од отвореноста на Европската Комисија и нејзините повици,“ објаснува Стојковски.

Цената на успехот е преку заедничка соработка во науката

„Зад нас е долга и заедничка историја на Балканот. Но за регионот потребата од заедничка соработка е неминовност.Високото образование има две цели. Една од нив е да постигнеме квалитетно образование, а другата обучениот кадар да истражува во глобални рамки. Иако ова ние прва средба и трите земји имаат одредени различни идеи, целта е по денешното потпишување на меморандумот за соработка тие да се преточат во долгорочна заедничка агенда. Со глобализацијата ниту една држава сама за себе не може да направи. Цената на успехот е преку заедничката соработка,“ рече ректорот на Истанбулскиот унивезитет Јунус Сојлет.

МАНУ тесно соработува со БАН а се почесто и со Турската академија на науките.

МАНУ со Бугарската академија освен општ Меморандум за соработка има поптпишано и конкретен договор за соработка на 33 заеднички проекти. Дел од нив стартуваа годинава и речиси секоја недела научниците од двете земји се среќаваат. Со Турската академија на науки досега сорабтоката беше на ниво на организирање на заеднички научни конференции и собири.

Претседателот на МАНУ Д-р Камбовски за Дојче веле објаснувајќи ја соработката со БАН вели дека не може преку ноќ да се надминат некои стереотипи и предрасуди создавани во еден подолг период од двете страни на границата. „Мораме разумно без нервозни реакции да ги прифаќаме фактите. Улогата на науката е да отвора нови хоризонти. Ладнокрвно ги прифатив и личните напади кои доаѓаа од различни страни. Се’уште има луѓе кои не сфаќаат дека времето на тие парадигми од 19 и 20 век се поминати. Ние не само што се подготвуваме за една нова ера , туку сме веќе влезени во неа, а во неа нема место за нетолеранција, шовинизми и национализми. Токму академиите треба да имаат просветителска мисија и да го промовираат заедништвото.

Академик Камбовски: „Време е за оопшто помирување на Балканот“

Камбовски рече дека во јули годинава во Скопје се сретнаа водечките македонски и бугарски историчари. Следната нивна средба во октомври ќе биде во Софија. Тие ги отворија буквално сите прашања од областа на историјата. „Ние не очекуваме дека преку ноќ ќе дојде до приближување на ставовите на двете историографии во однос на одредени прашања. Битно е дека се води научен дијалог со аргументи и дека е тоа голем исчекор и е позначајно отколку закопување во некои позиции. Транзицијата и пост- транзицијата овозможија дистанцирање на науката од политиката. Определбата и идејата за помирување мора да се случи и да се помириме околу историското минато со сите соседи. Се разбира со взаемно почитување и уважување. Тоа е тој европски дух кој мора да се случи и на балакнот,“ вели претседателот на МАНУ д-р Владо Камбоски за Дојче веле.

Treffen der Mazedonischen Wissenschaftsakademie
Фотографија: DW/M. Jovanoski

Во контекст на средбата академик Камбоски рече: „Турските и бугарските архиви ни се отворени , но Македонија нема доволно научни истражувачи. Ние страдаме од слаба научна инфраструктура недостиг на средства, опрема, истражувачи и недоволно развиена методологија.

Пред науката универизитети и академиите е „Хоризонт 2020“

Во отсуство на претседателот на Бугарската академија неговата советничка Светлана Кујунџиева, за односите меѓу БАН и МАНУ рече:

„Има голем интерес за проектите кои се реализираат во контактите меѓу БАН и МАНУ. Со заедничките проекти покриен е еден широк спектар од науки и теми. Тоа се проекти кои ги зближуваат двата народи кои се многу блиски и се разбира обете институции кои работат врз нив. За научната мисла од Бугарија – членка на ЕУ проектите кои се работа по европски програми не се голема новост. Европа дава пари за проекти и сега се отвора линијата „Хоризонт 2020“ како една од основните програми. Токму од овој фонд се надеваме да се повлечат средства за прокетите кои овде ги договараме. “

Годинава БАН и МАНУ во Софија го одбележаа Денот на Светите Кирил и Методиј. Низ Македонија беше прикажана изложбата 145 години од основањето на БАН а наскоро делегација на МАНУ ќе присуствува на одбележувањето на овој јубилеј во Софија и ќе има свое претставување на програмата,а преку изложба ќе биде прикажан нејзиниот растеж.

На средбата се обрати и Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми. Со тоа Владата на РМ ја поддржа иницијативата за соработка на академиите и водечките универзитети од Скопје, Истанбул и Софија.