1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скејтерите од прашкиот тунел „Бланка“

Д. Хандрик/ Ж. Ацеска 26 јануари 2015

Во Прага конечно е завршен контроверзниот тунел Бланка. Негова цел е да го дислоцира сообраќајот надвор од прекрасниот историски центар на градот. Но, тунелот долго време се користи и за нешто сосем друго.

https://p.dw.com/p/1E0Bs
Фотографија: DW

„Греб“, „флип“ и „гринд“, така некогаш се викаа популарните скејборд-трикови. Сето тоа беше хит некогаш, а сега во Прага е во тренд „тунелување“ .

Сосема нов популарен спорт. Кога ќе падне мрак, започнува таа посебна авантура.

Да се прескокне овој ѕид, притоа да не те фати чуварот, и „тунелувањето“ може да почне!

„Тунел само за нас скејтерите е супер работа“, вели Алеш.

„Не врне, в зима е топло, како скејтери, повеќе не можеме ни да посакаме. Нам ни требаат повеќе вакви објекти“, дополнува Хротич.

Скејтерите низ тунелот јурат непречено со брзина од 40 километри на час. Нема автомобили, ниту пешаци, а бидејќи отворањето постојано се одлага поради неопременост со безбедносни системи, забавата е загарантирана до крајот на април.

Само, тие мораат да бидат брзи, за да им побегнат на стражарите.

„Јас едноставно го сакам ова чувство, чист адреналин“, вели Алекс.

И Крис е воодушевен:

„Тоа е најубавата скејтборд патека, не само во Прага, туку мислам и во светот.“

Притоа, годините од изградбата на тунелот воопшто не им беа забавни на жителите на Прага.

Се закануваше опасност да се урнат цели станбени блокови, па за да ги обезбеди, градежната фирма постави огромни челични носачи - и среде собата на Војтех, на кои тој редовно си прави џумки на главата.

„Кај мене сега изгледа како во фабрика, јас спијам овде и секогаш се удирам, исто така и мојата жена. Таа ги обвиткува носачите со перници, ама ни тоа не помага“.

Стравот од изградбата на тунелот беше оправдан, зашто земјата под Прага повремено се стресеше и низ градот ненадејно настануваа дупки каде порано ги немало.

Afghanistan Skaten Skateboard Kinder Training Skateboard Unterricht
Фотографија: Skateistan

Жителите протестираа и се обратија до медиумите. Во посета кај Јана Матушкова е чешката телевизија. Таа сака конечно сите да дознаат какви штети предизвика градбата на тунелот под нејзината куќа. Присутен е и градежен експерт од градот. Тој ја смирува ситуацијата, објаснувајќи дека нема да биде полошо од ова и дека градежната фирма ќе ги плати сите штети. Но, Јана Матушкова не верува многу во овие ветувања.

„Мора тоа да го доживеете, се‘ се стресе и вибрира кога долу минираат, ве фаќа паника. Кај мене повеќепати паднаа чашите и чиниите од полиците. Не можете ни да замислите колку е тоа страшно.“

Така, цената на изградбата на тунелот постојано растеше, па со време го открија скејтерите наместо автомобилите. Но, го откри и Корапт Турс - водичи ги водат туристите низ Прага на локации каде постои очигледна корупција. Тунелот „Бланка“ е нивна редовна станица.

„Кога беше планиран, тунелот требаше да чини околу 1,2 милијарди евра, но веќе сега чини 400 милиони евра повеќе и до отворањето веројатно ќе биде уште поскап,“ истакнува водичот Иванка.

Посетителите на турата на Корапт Турс се вчидовидуваат.

Скејтерите, пак, сметаат дека парите се добро инвестирани - барем додека милијарди скапиот проект им припаѓа само ним. Уште една убава вечер, скејтерите не беа откриени.

„Возењето беше вистински убаво, гледате колку е грозно времето надвор, внатре беше прекрасно“, велат тие.

И додека возачите на автомобили во Прага и натаму стојат во колони, скејтерите се надеваат дека тунелот уште долго ќе им припаѓа само ним.