1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сирискиот дебакл на Обама

Јан Фриче / Симе Недевски30 август 2014

По Ирак, борците на Исламската држава ги прошируваат дејствата и во Сирија. Американскиот претседател се колеба да интервенира. Според експертите, тоа е продолжение на погрешната стретагија на Обама во Сирија.

https://p.dw.com/p/1D445
Фотографија: picture-alliance/dpa

Американските стручњаци за Блискиот исток сметаат дека постапките на Барак Обама во Сирија се целосно неуспешни. Не само сега, со оглед на моменталната опасност од исламистите, туку од почетокот на сириската граѓанска војна. Опасноста од Исламска држава (ИД) беше „не само предвидлива, туку веќе можеше јасно да се препознае“, вели Шади Хамид, стручњак за Блиски Исток од Вашингтон. Уште во 2012. се зборуваше за воздушните напади во Сирија како и за пружање поддршка на умерените групи бунтовници. Наместо тоа, САД го постигнаа само тоа да се уништи сириското хемиско оружје. Но, со тоа Башар ал-Асад само доби поголема легитимност, смета стручњакот за Блиски Исток.

Shadi Hamid Brookings Institution
Шади ХамидФотографија: Brookings Institution

За ситуацијата во Сирија се знае малку

Ситуацијата во која моментално се наоѓа Обама не изгледа добро, иако всушност сега би можеле да дојдат „неговите 5 минути“, вели Хамид. „Но, можеби сега Обама ќе сфати дека во Сирија е сепак потребна масивна интервенција“, додава тој. Меѓутоа, засега не изгледа дека ќе дојде до тоа. Голем проблем е тоа што САД всушност премалку знаат за моменталната ситуација во Сирија. Со извидувачки летови се започна дури пред три дена. „Тоа требаше да се стори многу порано“, укажува Хамид во интервјуто за ДВ.

Освен тоа, извидувачките активности во Сирија се многу потешки отколку во Ирак, каде САД веќе соработуваат со ирачките и со курдските копнени сили. А и, Багдад конкретно побара помош. Тоа е сосема поинаку од Сирија, каде САД досега не биле во близок контакт ни со опозицијата, ниту со режимот на Асад.

„Ние сме во војна со Исламската држава“

Што Обама сега може да стори во Сирија? Силни зборови можеа да се слушнат од неговите соработници. Министерот за одбрана Чак Хејгл ја опиша Исламска држава како „директна закана на сите наши интереси која надминува се’ што досега сме го виделе“. Министерот за надворешни работи Џон Кери изјави дека „ИД мора да се уништи“.

Michael O'Hanlon Brookings Institution
Мајкл О'ХенлонФотографија: Brookings Institution

Слично размислува и стручњакот за одбрана Мајкл О’Хенлон. „Се наоѓаме во војна со Исламската држава“, вели тој. 500 милиони долари кои Обама ги бараше од Конгресот за поддршка на умерените сириски бунтовници се добар почеток, но американскиот ангажман во Сирија мора да оди многу подалеку. „Одамна тебаше да се почне со воена обука и испорака на оружје“, вели О’Хенлон. Освен воени напади, во Ирак би требало да дејствуваат повеќе американски војници. САД би требало да извршат инвазија со 5 до 10 илјади војници и да помогнат во борбата против милициите на ИД. „Ќе има загуби, но не гледам алтернатива“, вели О’Хенлон. Освен тоа, Американците според негово мислење, би требало да тренираат ирачки трупи за тие да можат долгорочно да се одбранат од ИД.

Со или без Конгресот

Засега само се шпекулира за тоа што би можеле САД да направат во Сирија. Според известувањата на медиумите, советникот на претседателот наскоро би можел да предложи операција со беспилотни летала и воздушни удари. Такви операции САД веќе изведоа во повеќе земји, како на пример, во Авганистан и Пакистан. Меѓутоа разликата е во тоа што секоја од тие земји побара поддршка од САД. Сирија не само што не го стори тоа, туку министерот за надворешни работи на Сирија дури го предупреди Обама да не влегува во воздушниот простор на земјата.

Michele Dunne Carnegie Endowment for International Peace
Мишел ДанФотографија: Carnegie Endowment for International Peace

Некои службеници во САД ја очекуваат одлука на Обама во текот на септември, веројатно по самитот на НАТО во Велс наредната недела. Претседателот во четвртокот (28.08) јасно кажа дека борбата против Исламската држава е „долгорочен проект“. Се’ уште е нејасно дали Обама за интервенција во Сирија ќе мора да побара одобрување од Конгресот кој во САД е одговорен за одлуките поврзани со војни.

Американците во Ирак од почетокот на август изведоа повеќе од 100 воздушни напади и тоа без одобрение на Конгресот. Обама тоа го правдаше со итноста на операциите и опасноста од хуманитарна криза. Според правните стручњаци, слично би можело да се случи и сега. Американскиот безбедносен експерт Мишел Дан вели: „Ако Обама навистина сака, тој и ќе добие поддршка од Конгресот, бидејќи борбата против терористите во САД секогаш добива голема поддршка.“