1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Главоболките на фирмите од САД

Миодраг Сориќ/сн26 мај 2015

Европската економија профитира од политиката на „ефтини пари' во ЕУ која го заслабна курсот на еврото. Од другата страна на Атлантикот веќе се жалат дека „Европа се санира на сметка на другите“

https://p.dw.com/p/1FRqc
Фотографија: Fotolia/Sergey Galushko

Овој град доживеал и подобри денови. Бафало на езерото Ири со децении наназад припаѓаше кон богатите метрополи на САД. Сѐ додека автомобилската и индустријата на челик не се преселија на други места. И денес многу жители страдаат поради промената на стопанската структура.

Како на пример претпријатието Истман. Работниците во оваа фирма веќе 120 години произведуваат машини за иднустријата. Генералниот директор на компанијата Роберт Стивенсон ги продава машините ширум светот- со променлив успех

„Конкуренција отсекогаш имало и ние не се плашиме. таа не прави подобри.Меѓутоа сега чувствуваме многу посилен ветер во лице отколку порано“.

Погледнете го видеото на оваа тема:

На маки поради слабиот долар

Порано продажбата во Европа одеше добро. Доларот беше слаб а еврото јако. Значи американските машини за Европа беа евтини. И така беше сѐ до пред една година. Во меѓувреме еврото загуби една четвртина од својата вредност. За овој 63-годишен бизнисмен и за неговиот син Тревор тоа значи само едно: Европа купува помалку, бидејќи нивните производи станале поскапи.

„Уште никого не сме отпуштиле, ама ќе можевме да вработиме уште луѓе да имавме послаб долар. јакиот долар на долги патеки им наштетува на нашите фирми кои извезуваат во Европа“, се жали Роберт Стивенсон.

Оваа компанија со 120 вработени не може да си дозволи осигурување за заштита од промените на курсот на валутите. Осигурителните компании и банките бараат преголеми премии за такво нешто. Силниот долар ги тера да ги намалат трошоците на производство. Во рамките на САД тоа е едвам возможно.

„За да бидеме конкурентни на Далечниот исток, отворивме фабрика во Кина и така профитираме од евтината работна сила што се покажа како успех“, објаснува генералениот директор на Истман машин компани.

Засега компанијата Истман успешно ѝ се спротиставува на конкуренцијата од Кина. Тоа се должи пред сѐ на добриот углед и сопствениот оддел за развој.

„На крајот од краиштата сѐ зависи од технологијата. Ако располагаш со техника која е револуционерна за нашата бранша, тогаш луѓето ќе ги купуваат твоите машини без оглед на слабиот или јакиот долар, односно евро“, обаснува синот Тревор Истман, директор за производството во семејната компанија.

Иако Истман, како и многу други американски компании, има проблеми поради силниот долар, таткото и синот нема да дозволат тоа да ги уништи. Тие преживеале и полоши работи.