1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Силен земјотрес во Мексико

ЕМФ/ап/дпа18 април 2014

Силен земјотрес денеска (18.04) го погоди централно и јужно Мексико. Мексиканската сеизмолошка опсерваторија процени дека јачината на земјотресот изнесува 7 степени според Рихтеровата скала.

https://p.dw.com/p/1Bkpo
Фотографија: AP

Се смета дека епицентарот на земјотресот бил во близина на Акапулко, односно на оддалеченост од околу 300 километри од Мексико Сити. Засега нема информации за штети и жртви.

Земјотресот во Мексико Сити траел најмалку 30 секунди, зградите се нишале, а илјадници граѓани преплашено истрчале на улиците. Поради Велигден, во градот нема толку многу луѓе како вообичаено.

Во земјотрес со јачина од 8,1 степени во Мексико Сити, што се случи во 1985 година, загинаа најмалку 6.000 луѓе, а беа уништени повеќе објекти. Тогаш епицентарот на земјотресот беше на околу 400 километри од Мексико Сити.