1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сигурна Малта - опасна Холандија

Ф. Шмидт / К.А. Шолц / А. Трајковска17 септември 2014

Колку големите светски градови се загрозени од катастрофи и колку добро се подготвени за такви случаи? На овие прашања им се посветува Светскиот извештај за ризици 2014 година, кој сега беше претставен во Берлин.

https://p.dw.com/p/1DDwq
Земјотрес во Перу (архива)Фотографија: Carlos Lezama/AFP/Getty Images

Што им е заедничко на Авганистан и Холандија? Во тукушто објавениот извештај за ризици и двете земји се појавуваат во графата „високо загрозени“. Авторите на студијата оценуваат дека за Холандија, поради блискоста до Северното Море постои „висок ризик“, иако земјата има систем за заштита од катастрофи за пример и располага со медицинско згрижување и добро владино раководство.

Еритреа напротив е многу помалку загрозена. Таму постои недоволна заштита од катастофи и недоволна медицинска грижа, но речиси да нема опасност од природни катастрофи. Многу загрозена е и Јапонија - повеќе отколку на пример државите на Западна Африка, кои во моментов се борат против еболата.

Војна не е природна катастрофа

САД, според ризикот се речиси на исто рамниште со Бразил и Аргентина. Интересено притоа е што и сириските градови се слично рангирани: со „мал ризик“. Причина: војната не се смета за природна катастрофа, на што всушност се концентрира извештајот.

„Холандија е особено изложена на покачувањето на нивото на морето. Соединетите Држави на источниот брег се изложени на урагани и поплави, во Калифорнија постои опасност од земјотреси и исто така на голема опасност од земјотреси е исложена и Јапонија“, појаснува раководителот на проектот Петер Муке во интервју за ДВ.

„Оттука овие земји, и покрај многу добрите општествени услови и можности да ги пресретнат катастрофите, се загрозени од катастрофи“.

И епидемиите имаат место во извештајот

Индексот за ризиците во светот не гледа на епидемииите како „природна опасност“. Сепак во извештајот се и ризиците како на пример последното избивање на еболата во западна Африка. „Нашите анализи на општествената ситуација секако ги покажуваат условите, кога избива епидемија како еболата“, вели Муке. „Ние покажуваме тенденции, кои земји имаат можност да реагираат на такво нешто: капацитети на болниците, спасувачки системи па сѐ до можностите да се изградат карантен-станици“. Тука прашањата како станбената состојба на луѓето или ракводството на земјата играат важна улога.

Liberia Ebola Abtransport Opfer Angehörige Trauer
Африканските земји се борат против еболатаФотографија: Reuters/James Giahyue

Во интексот имено се вбројуваат можностите за опасност за урбаните простори преку можни природни катастрофи како земјотреси, бури, избивање на вулкани, екстремни временски услови или суши како и капацитетите на државите да се справат со таквите предизвици.

Добра заштита од катастрофа го подобрува рангирањето

Светскиот извештај за ризции се обидува да даде преглед и да одговори на прашањата како на пример, колку се во опасност големите градови? Колку е добра нивната инфраструктура? Дали беспрекорно функционира снабдувањето со прехранбени производи? Под кои услови живеат луѓето? или Дали постојат системи за рано предупредување?

Од 2011 година Institute for Environment and Human Security на Обединетите нации во Бон во соработка со Сојузот за развојна помош заеднички го издаваат светскиот извештај за ризици. Досега со извештајот се гледаа државите во целина, вели Муке. „Оваа година посебно го анализиравме градскиот простор бидејќи разликите кај ризиците - на пример меѓу градскиот и руралниот простор - не смеат да се воопштуваат“.

Градот како опасност или шанса

Во студијата се споредени 171 држава, при што Катар, Малта и Саудиска Арабија ја предводат листата со најмал ризик, додека Вануату, Филипини и Тонга важат за најмногу загрозени.

Исто така и степенот на урбанизација на земјите е земан в предвид при изработката на листата. Во Белгија, Малта и Уругвај живее најголем дел од населението во урбаните простори. Додека најмалку граѓани бројат градовите во Бурунди, Папуа Нова Гвинеја и Уганда.

Уште поважно за надгледување на ризиците и способностите за прилагодување е динамиката на пораст на градовите, бидејќи ако многу луѓе како нови граѓани се селат во градовите, тогаш постои можност властите потешко да се подготвуваат на потенцијалните закани или да се прилагодуваат на промените.

Indien Überschwemmung 13.09.2014
Поплави во ИндијаФотографија: AFP/Getty Images/P. Paranjpe

Најбрзо растат урбаните простори во југоисточна Азија, Кина, на Арпаскиот Полуостров и во многу градови во Африка јужно од Сахара. Притоа ко-атворот на извештајот геологот д-р Јерн Бринкман не го интересираат само мега градовите како Сао Паоло, Џакарта или Шангај туку и помали урбани простори.

Политичарот за развојна помош Муке се надева дека извештајот за ризици во светот ќе го сврти погледот на високорангирани развојно-политички конференции кон урбаниот простор. „Тоа е простор всо висок степен на пораст. Сега има можност да донесеме одлуки за иднината за превентива од катастрофи“.