1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Си била силувана? Самата си виновна!“

Сабрина Пабст/ А.Трајковска 28 ноември 2014

Облечена си секси и си пиела алкохол? Тогаш самата си виновна ако бидеш жртва на сексуално насилство. Оваа порака во видео за превенција на унгарската полиција наменето за училишната настава наиде на негодување.

https://p.dw.com/p/1Dvge
Фотографија: picture-alliance/Photoshot

На почетокот на видеото три млади девојки во еден стан пијат алкохол, потоа се облекуваат секси и се шминкаат впечатливо. Тие се смеат и слушаат гласно музика. Всушност тие само сакаат да се забавуваат во еден клуб. Таму опуштено танцуваат, пијат уште повеќе алкохол, запознаваат момчиња, флертуваат, се бакнуваат. Излегуваат од диско...

Пресек. Една од девојките кратко потоа седи на една темна улица. Нејзините фармерки се искинати, шминката и е размачкана. Таа трауматизирано гледа пред себе. „Можеш да сториш нешто за, можеш да сториш нешто против“, стои на текстот на крајот на видеото.

Видеото на полицијата од југот на Унгарија треба да биде предупредување и истовремено да ги сензибилизира девојките за темата насилство против жените. Во студентскиот град Печуј видеото треба да се покажува во училиштата за да се спречат силувања. Одбраните актери се многу познати национални глумци, глуми дури и една активистка за рамноправност. Пораката е јасна: Самиот си виновен ако станеш жртва на сексуално насилство.

Жртвата станува сторител

Видеото предизвика големо внимание во унгарските медиуми. На Јутјуб во рок од кратко време беше погледнато повеќе од 130.000 пати. Оргзанизациите за правата на жените критично гледат на видеото на унгарската полиција. Повеќе движења за женски права апелираа до надлежните институции видеото да не се покажува повеќе во училиштата и да биде повлечено. Во видеото се заменуваат жртвите и сторителите и предизвикува агресија против жените. Тоа е ултраконзервативен и патријахален поглед на општеството. Исто така и мажите се претставувани како потенцијални насилници водени од инстинкти. Тоа е слика за општеството која не одговарала на реалноста. Исто така и во Германија видеото на социјалните мрежи наидува на неразбирање.

„Тоа сосема јасно се однесува на девојките и нивното однесување и со тоа на жртвите им ја префрла вината за тоа што биле силувани“, вели Бирте Ролес од Terres des Femmes за ДВ. За жал ваквото гледиште е многу распространето - не само во Унгарија - и се употребува при кампањите за превенција „Се прават обиди да се сензибилизраат жртвите и да се предупреди дека мораат подобро да се штитат“. Образование и превенција за потенцијалните сторители? Не, тоа не се случува, смета Ролес.

Сторителите се најчесто во блиското опкружување

„Видеото го споделува и мотото дека повеќето силувања се случуваат навечер на улица по диско“, критикува Бирте Ролес од Terres des Femmes. „Притоа повеќето сексуални напади многу почесто се случуваат во една врска, во рамките на кругот на пријатели или во сопствениот стан отколку навечер на улица“. Овој мит уште и се шири од полицијата, која впрочем врз основа на статистиките кои и се достапни би морала да знае други аспекти.

Полицијата досега не се произнесе за видеото. Функциите за коментирање на нивните странции на Јутјуб и Фејсбук се исклучени. Полицијата во западна Унгарија дури се солидаризираше со своите колеги од Печуј преку својата интернет страница. Таму тие пишуваат за своите искуства, кои покажуваат дека однесувањето на жените при превенција од наислство секако дека играла многу голема улога. Провокациите на младите девојки биле тие кои предизвикале насилство.