1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се заострува тонот во украинската криза, ескалираат судирите

СН/емф/ртр/дпа/миа/афп30 август 2014

Москва ги споредува украинските трупи со германскиот Вермахт. Берлин за првпат говори за руска инвазија, а Варшава дури и за војна. Повторно соборен украински борбен авион над источна Украина.

https://p.dw.com/p/1D3zr
Фотографија: picture alliance/AP Photo

Украинско воено летало од типот „Су-25“ вчера наутро (29.08) било соборено на истокот на Украина, соопшти денеска генералштабот на украинската армија. „Руски сстем за противвоздушна одбрана собори еден авион Су-25. Пилотот успешно се катапилтураше“, беше наведено во соопштението. Генералштабот на украинската војска не соопшти каде точно бил соборен авионот. Исто така ги демантираше и информациите на руските сепаратисти, кои тврдеа дека собориле дури четири авиони.

Вооружените судири во источна Украина добиваат на интензитет додека на дипломатско поле се заострува тонот.

Полска говори за војна

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајмајер изјави дека ситуацијата во Источна Украина полека „излегува од контрола“. Изјавата на Штајнмајер доаѓа откако властите во Киев и НАТО ја обвинија Москва дека руските војници навлегле во делови од Источна Украина за да им помогнат на проруските бунтовници.

Зборувајќи во Милано, шефот на германската дипломатија предупреди дека сега е потребно да се „зауздаат работите“ за да се спречи директната украинско-руска конфронтација.

Портпаролот на германската влада Штефен Зајберт пак, претходно во Берлин, истакна дека се‘ појасни се индициите за присуството на руски војници и оружје во источна Украна, што пак говори за воена интервенција.

Frank-Walter Steinmeier EU-Außenministertreffen in Mailand 29.08.2014
Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер ШтајнмаерФотографија: picture-alliance/dpa

Уште подрастично ситуацијата ја оцени полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски, според кого на истокот на Украина владее војна. Шикорски на Твитер напиша: „Кога изгледа како војна, кога звучи како војна, кога има мртви како во војна - тогаш е војна.“

Официјален Киев во меѓувреме побара од НАТО да му испорача оружје, но како што беше истакнато, не се надева на воена интервенција на Алијансата. Претседателот на Украина Петро Порошенко, во телефонскиот разговор со германскатаканцеларка Ангела Меркел, изразил надеж дека Европската унија ќе ја поддржи неговата земја и одлучно ќе дејствува во врска со ситуацијата во југоисточна Украина.

Споредби со нацистичка Германија

Порошенко, за време на синоќешниот разговор и‘ се заблагодарил на Меркел за преземените напори да се стави украинската криза на дневен ред на вонредниот самит на Унијата, соопшти претседателската прес-служба. Порошенко најави дека планира да изнесе реални информации за ситуацијата во украинскиот регион Донбас пред лидерите на 28-те земји-членки на Унијата.

Официјална Москва ги отфрла обвинувањата од Киев и од НАТО и ја обвинува украинската влада за продолжување на кризата на истокот од земјата, затоа што наместо отворање дијалог со бунтовниците, Киев настојува да обезеди воена победа, жртвувајќи ги животите на голем број цивили од Доњецк и Луганск.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера остро ја нападна Украина, споредувајќи ги акциите на нејзината војска во источните делови на земјата со постапките и однесувањето на нацистичка Германија против Советскиот Сојуз во текот на Втората светска војна.