1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД ѝ веруваат на Германија...донекаде...

Сабрина Фриц (ард)/сн13 мај 2015

Германската влада се обидува да создаде впечаток дека е рамноправен партнер на САД на полето на разузнувачките дејности- но таа слика е далеку од реалноста како што сведочи следниов прилог на германскиот јавен сервис АРД

https://p.dw.com/p/1FOiJ
Фотографија: picture-alliance/dpa

За време на посетата на германската канцеларка Ангела Меркел во мај минатата година, американскиот претседател Барак Обама многу јасно рече: „ Не е коректно да се каже дека понудивме договор за забрана на меѓусебното шпионирање па потоа го повлековме. Коректно е да се каже дека ниту со една земја немаме бланко договор за забрана на меѓусебното шпионирање“.

Кога францускиот претседал Франсоа Оланд беше во Вашингтон, Обама ја повтори пораката: „Ниту со една земја немаме договор за забрана на меѓусебното шпионирање“.

Како тогаш во светото воопшто продре приказната за земји кои меѓусебно не се шпионираат, кои едни на други стопроцентно им веруваат?

Symbolbild US-Spionage
Фотографија: picture alliance/Bildagentur-online/Ohde

„Пет очи“-што е тоа?

Во врска со тоа „забраната за меѓусебно шпионирање“ често се меша со клубот „Пет очи“. Овој клуб опфаќа пет земји кои говорат ист јазик: САД, Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд и Канада. Овие земји по Втората Светска Војна одлучија меѓусебно да разменуваат информации од тајните служби и така да си помагаат едни на други, според принципот „ова за нас е претешко, можеш ли ти?...- како што тоа го опиша еден агент на американската тајна служба.

Но колку далеку оди довербата меѓу петмината пријателу? Дали британскиот премиер Дејвид Камерон не го прислушкуваат? Дали британските државјани, американската НСА не ги надгледува ако се под сомневање за соработка со Исламската држава? Изјавите за тоа остануваат неодредени.

Многу блиски пријатели, блиски пријатели...

Германската влада се обидуваше да влезе во клубот „Пет очи“- залудно. Зашто САД сите држави во светот ги дели на многу добри пријатели, добри пријатели, помалку добри пријатели, и оние кои не се никакви пријатели. Германија не се наоѓа ниту во најтесниот круг, бидејжи после „петте очи“ доаѓаат уште девет земји, меѓу кои се Данска, Франција, Холандија, Норвешка... Германија е дури во следниот круг, заедно со Шпанија и Италија.

US-Botschaft in Berlin
Фотографија: picture-alliance/dpa

Документите на Едвард Сноуден беа доволни за Берлин да го свати тоа, ама германските политичари и покрај тоа за време на посетите на Вашингтон бараа усвојување договор за забрана на меѓусебното шпионирање. Иако германската страна со ништо не навести дека на кој било начин разгледува забрана на шпионирање.

Овој поим го погреба дури актуелниот министер за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмаер и го замени со нов: „сајбер-дијалог“. За време на својата посета на Вашингтон тој рече: „Џон Кери (американскиот министер за надворешни работи) за жал не ми стави в џеб готов договор за забрана на меѓусебното шпионирање“, и додаде дека наместо тоа двете страни „сакаат да работат на сајбер-дијалогот“.