1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД нападнаа позиции на ИД во близина на Багдад

АТ/ афп/ дпа/ртр16 септември 2014

Американските воздухопловни единици ја прошируваат областа на делување во борбата против „Исламска држава“ (ИД) во регионот околку главниот град на Ирак.

https://p.dw.com/p/1DCru
Фотографија: picture-alliance/dpa

Американските воздухопловни единици за првпат изведоа напад врз џихадистите од групата „Исламска држава“ (ИД) во близина на Багдад. Како што соопшти американската воена команда одговорна за регионот, била нападната позиција на ИД југозападно од ирачкиот главен град. Борците на ИД оттаму стрелале врз ирачките војници. Воздушниот напад бил дел од „проширените напори да се заштитат американски институции, да се поддржи хуманитарната помош и да и’ се помогне на ирачката војска во борбата против терористите на ИД“.

Друг американски воздушен напад бил изведен во регионот на планината Синџар во северен Ирак. Притоа биле уништени шест возила на терористичката милиција.

САД уште од почетокот на август изведуваат воздушни напади врз позициите на ИД во Ирак. Нападите досега се концентрираа само на северот на земјата. Во август десетици илјади припадници на језидите побегнаа во планината Синџар од нападите на борците на ИД.

САД, кои сакаат да формираат меѓународна коалиција против ИД сакаат да ја прошират воената интервенција и во Сирија. ИД заземаа под своја контрола делови од Сирија и Ирак и таму прогласија калифат.

Во Париз вчера група од околу 30 држави под водство на САД усогласија мерки за борба против ИД. Како точно ќе изгледа нивната помош засега е отворено. ИД во меѓувреме контролираат големи делови од Ирак и Сирија.