1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реал го победи Бајерн

ЖА/макфакс/дв/дпа24 април 2014

Реал Мадрид си обезбеди добра позиција пред реванш натпреварот во полуфиналето на Лигата на шампиони против Бајерн од Минхен. На својот стадион Реал забележа победа, иако Баварците ја диктираа играта.

https://p.dw.com/p/1BneQ
Фотографија: AFP/Getty Images

Реал Мадрид го совлада Баерн Минхен со 1:0 (1:0) во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони. Натпреварот го одбележа теренската надмоќ на Бајерн, во еден момент германскиот шампион имаше 80 отсто од поседот на топката, но во текот на целиот натпревар Баварците создадоа само една вистинска гол шанса, ударот на Геце во 83-та минута го одбрани Касиљас.

Реал одигра она што од неговите играчи и се очекуваше, топката му ја препушти на противникот, а своите шанси ги бараше од брзите противнапади. Првиот контранапад Реал го претвори во гол, Коентрао му побегна на Боатенг по левата страна, а нафрлената топка Бензема ја спроведе во голот.

Реал потоа имаше уште две изгледни шанси, но ударите на Роналдо и Ди Марија беа непрецизни.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, оцени дека не било лесно да се игра против Бајерн, во ситуација кога главните ѕвезди на тимот не биле целосно подготвени. Од друга страна неговиот колега, Пеп Гвардиола, истакна дека е горд на на своите играчи на начинон на кој играле во Мадрид.

„Добро се браневме во формацијата 4-4-2, против екипа која инсистира да го има поседот на топка. Без Бејл и со недоволно подготвениот Роналдо не беше воопшто лесно, но сепак сум задоволен од она што моите играчи го прикажаа. Моравме да се браниме и да играме на противнапади. Коентрао одигра одлично исто така на високо ниво беа Ди Марија, Иско, Карвахал. Ова е полуфинале, потребни ни беа сите играчи“, рече Анчелоти.

„Горд сум на фудбалерите, му се спротивставивме на еден од најдобрите тимови во светот. И понатаму сме во игра, имаме сила во реваншот да одиграме на уште повисоко ниво. Го контролиравме натпреварот, Реал играше на контранапади, еден таков успеа да искористи“, изјави Гвардиола.

„Реал имаше добра одбрана, играше на контри, нам ни беше навистина тешко. Всушност, ние добро одигравме, штета што резултатот е 1:0“, изјави играчот на Бајерн, Мануел Нојер.

Реванш натпреварот во Минхен ќе се одигра на 29.април.