1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расмусен не ги снимал тајно разговорите со Путин

Александар Методијев/ројтерс/ап17 април 2014

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини првиот човек на НАТО Андерс фог Расмусен дека тајно снимал додека разговарал со него. Од НАТО ги отфрлуваат ваквите обвинувања до нивниот шеф.

https://p.dw.com/p/1BkQw
Фотографија: Reuters

НАТО како „целосна бесмислица“ ги отфрли денеска обвинувањата на рускиот претседател Владимир Путин, со кои тој тврди дека првиот човек на НАТО, Андерс Фог Расмусен, во неговата претходна улога како дански премиер, тајно снимал и давал детали од разговори кои се воделе меѓу нив двајца.

„Овие обвинувања се целосна бесмислица. За време на неговиот мандат како дански премиер, господинот Фог Расмусен никогаш не донел диктафон за да ги снима разговорите со Путин или кој било друг“, изјави портпаролката на НАТО Оана Јунгески.

„Генерално, за да го пренасочи вниманието од своите нелегални и нелегитимни акции во Украина, Русија покрена серија на обвинувања против НАТО, кои се спротивни на фактите“, додаде таа.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го обвини шефот на НАТО дека тајно снимал и им давал на медиумите приватни разговори водени меѓу нив. Путин го обвини Расмусен во годишното телевизиско интервју со повеќе новинари. Според Путин, Расмусен тајно снимал во периодот од 2001 до 2009 година.

„Се согласив, се сретнавме и разговарамве, ама излезе дека тој донел снимач на звук и тајно го снимал нашиот разговор и потоа го објави во медиумите. Не можев да им верувам на очите и ушите. Тоа е на некој начин бесмислено, разбирате“, рече Путин.

Путин додаде дека Расмусен му рекол оти „го снимал разговорот за во историјата“. Путин смета дека требало да биде прашан за дозвола пред објавувањето на детали од разговорот.