1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ракометна неправда или нормална постапка?

АТ/НК/сид/дпа23 јули 2014

Австралиските ракометари нема да патуваат на Светското првенство во Катар иако се квалификуваа. Затоа ќе настапат Германците, кон не се квалификуваа. Многумина во ова гледаат неправда.

https://p.dw.com/p/1Cgxw
Фотографија: picture-alliance/dpa

Ракометот не може да се вброи меѓу популарните спортови во Австралија. Натпреварите во тамошната ракометна лига се одржуваат претежно во главниот град Сиднеј, а трошоците за патувањето играчите самите си ги покриваат. Австралиската ракометна лига е аматерска лига. На трибините за време на натпреварите по правило седат роднините и пријателите на играчите. Сепак Австралијците сакаа да учествуваат на Светското ракометно првенство, кое на почетокот на идната година се одржува во Катар. Меѓутоа, според одлуката на Светскиот ракометен сојуз (IHF) тие не смеат да учествуваат. Наместо нив патуваат Германците, кои не се квалификуваа по спортски пат.

Виновна е лошата игра?

Претседателот на Австралискиот ракометен сојуз Алекс Гавриловиќ за германските медиуми објасни зошто неговиот сојуз е огорчен на Светскиот ракометен сојуз, но и на Германскиот ракометен сојуз.

„По успешните квалификации, австралиската екипа требаше да отпатува во Катар. Тоа е лошо за ракометот кога се гледа дека нема јасна постапка за квалификација“, рече огорчено Гавриловиќ, кој на Светскиот ракометен сојуз му префрли и „немање на почитување“ кон австралиските ракометари. Светскиот ракометен сојуз едноставно ги „исфрли“ Австралијците од турнирот и покрај фактот што веќе петпати едноподруго настапуваа на светските првенства.

Објаснувањето на Светскиот ракометен сојуз е помалку чудно. Врвот на Светскиот ракометен сојуз објасни дека во моментов не постои „од Светскиот ракометен сојуз признат“ континентален ракометен сојуз за Океанија. Некои медиуми пренесуваат дека се работело за „лоша игра“ и фактот дека во квалификациите Австралија мораше да игра само против еден противник. Од кругови на Светскиот ракометен сојуз стигнуваат барања дека „нивото на ракометот во земјите на Океанија мора да се подигне“. Зошто Светскиот ракометен сојуз не го признава постоечкиот Ракометен сојуз на Океанија (OCHF) не е познато, но истиот тој сојуз подготвува правни чекори против Светскиот ракометен сојуз и тоа пред спортскиот суд во Лозана.

Handball WM 2015 Qualifikation Polen Deutschland
Германците во квалификациите изгубија од ПолскаФотографија: picture-alliance/dpa

Критички гласови

Во Германија во меѓувреме сѐ погласни се оние кои гледаат проблем во фактот што Германија и покрај поразот од Полска пред неколку недели и испаѓањето од натамошниот тек на натпреварите патува за Катар. А Австралија, која со победа над Нов Зеланд се квалификуваше, не патува.

„Секако дека е многу важно учеството на едно Светско првенство, но на сите би требало да им биде јасно дека тука се работи за некој вид 'лекс Германија'. На Светскиот ракометен сојуз Герамнија му треба во Катар и сега е пронајден многу дискутабилен начин тоа да се оствари“, криткува некогашниот ракометен репрезентативец Даниел Штефан, „подарок од небото“ за германските ракометари. Некогашниот добитник на титулата „светски ракометар на годината“ вели дека под вакви околности „не може искрено“ да се радува на Светското првенство.

Luftaufnahme von einer Großbaustelle in Doha in Katar
Ракометарите на Австралија сепак не патуваат во КатарФотографија: picture alliance/ZB

Други високи претставници на германскиот спорт, како претседателот на Германскиот олимписки сојуз Михаел Веспер не го кријат одушевувањето дека Германија сепак патува во Катар, но не со спортски постигнувања, туку на база на „wildcard”. Некои германски медиуми го пренесуваат мислењето на австралиските ракометари дека одлуката на Светскиот ракометен сојуз е исклучиво од комерцијална природа бидејќи со ракометот „во Германија се заработува повеќе“, мислејќи притоа на продажбата на правата за пренос на натпреварите на телевизија.