1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прекинува потрагата по исчезнатиот малезиски авион

С. Хавенит/бг2 март 2015

Големата мистерија околу исчезнатиот авион МХ370 на малезиската воздухопловна компанија, и по една година од несреќата останува неразјаснета.

https://p.dw.com/p/1EjkR
Фотографија: Reuters

Речиси една година го нема нејзиниот маж- Кели Вен од Кина се моли и се надева дека е жив, дека ќе се врати. Патничкиот авион МХ370 тогаш исчезна од радарот со 239 патници.

Потрага оттогаш: безуспешна. Просторот е преголем. Авионот паднал приближно 1.600 километри западно од Перт. Но постојат и многу други можни места на падот. Теоретски треба да се пребара простор од 1,2 милиони квадратни километри. Премногу: Австралија ја прекинува потрагата.

„Многу семејства не можат да го пронајдат мирот кога не знаат дали е авионот пронајден и дека посмртните останки можат да бидат погребени. Ние радо би им понудиле одговори на семејствата. Но не можеме вечно да пребаруваме, мораме да донесеме одлука“, вели австралискиот министер за сообраќај Ворен Трас.

погледајте го видеото на оваа тема:

Прекинува потрагата по малезискиот авион

Одлука која многу роднини не сакаат да ја прифатат. Кели Вен исто така:

„И целиот свет нека се откаже но јас ќе чекам додека мојот маж не се врати дома“.

239-те патници во авионот пред еден месец беа прогласени за мртви. Но нивните роднини се уште се молат.