1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потрагата по малезискиот авион во „критичен момент“

Александар Методијев/дпа/афп19 април 2014

Малезија би можела да ја прошири областа во Индискиот Океан, во која се пребарува авионот кој исчезна пред шест недели, информираше министерот за транспорт Хишамудин Хусеин. Потрагата е во „критичен момент“.

https://p.dw.com/p/1Bl0P
Фотографија: Getty Images

Министерот Хусеин рече дека нема да биде ставен крај на операциите за пребарување на авионот со запирањето на користењето на мала подморница, што треба да се случи следната недела.

„Морам да нагласам дека ова не е заприрање на операциите, туку земање в предви и други пристапи, кои можат да вклучат проширување на опсегот на пребарување и користење на други средства кои би можеле да бидат релевантни во операцијата за пребарување“, рече малезискиот министер за транспорт. Тој додаде дека за пребарување на подрачјето во океанот би можеле да помогнат и приватни компании, кои имале капацитет за подводно пребарување.

Потрагата по исчезнатиот малезиски авион е во „критичен момент“, оцени министерот Хусеин, откако пред два дена австралискиот премиер рече дека подморницата има уште една недела за да ги најде остатоците од авионот во Индискиот Океан.

MH 370 Suche 17.04.2014
Австралискиот премиер и’ даде рок од една недела на малата подморница да најде остатоци од авионотФотографија: Reuters/Australian Defence Force

„Пребарувањето денеска и утре е во критичен момент. Се обраќаме до секого ширум светот да се моли да најдеме нешто“, рече министерот Хишамудин Хусеин.

Се верува дека авионот, кој исчезна на 08.03.2014 година, се наоѓа во длабочините на водите во западна Австралија. Но, потрагата на мултинационалниот тим не даде резултати. Затоа, австралискиот премиер Тони Абот во четвртокот (17.04.) рече дека има краен рок од уште една недела малата подморница да го лоцира исчезнатиот Боинг 777. Тимот предводен од Австралија сега потпира единствено на малата американска подморница. Таа досега направи шест скенирања во длабочините на океанот, но не откри ништо.

„Тежнеевме кон секоја поврзаност која ни беше презентирана, но со секој изминат ден пребарувањето стана се’ потешко“, рече малезискиот министер Хусеин.