1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повеќе информации-помалку алергии?

С.Недевски/Н.К/дпа13 декември 2014

Во земјите од ЕУ од денеска (13.12.) се во сила нови одредби за декларирање на прехранбените производи. Од нив најмногу корист би имале луѓето кои имаат алергии.

https://p.dw.com/p/1E3gW
Фотографија: anyaberkut - Fotolia

Што се’ се наоѓа во смрзнатата лазања, во чоколадото или сладоледот? Посебно за луѓето кои имаат алергии купувањето прехранбени производи често се претвора во потрага на опасни состојки. Но декларациите на пакувањата на прехранбените производи често се полни со непознаници. Кај пекарниците или месарите кои продаваат непакувани производи ситуацијата не е ништо подобра. Од денеска (13.12.) во земјите од Европската Унија со стапувањето во сила на правилата за декларирање на прехранбени производи пред се’ луѓето кои имаат алергии би требало да бидат подобро информирани што се’ всушност се наоѓа во производот.

Јасно декларирани алергенси

Во иднина на пакувањата на прехранбените производи би требало видно да бидат истакнати состојките кои се наоѓаат на листата на предизикувачи на алергии како што се 'рж, јајца, соја, морски плодови или различни јаткасти производи. Овие правила не важат само за продавниците туку и за пекарниците, месарниците, но и угостителските објекти каде вработените, барем така наложува новата одредба на ЕУ, мораат да бидат подготвени да одговорат на прашањата на гостите за можни алергенси. Освен информациите за алергенси новите декларации би требале да содржат и информации за калориската вредност, како и за содржината на масти, шеќер, сол, белковини и јаглехидрати. Но рокот за воведување на овие табели би требал да биде дури на крајот на 2016 година. Веднаш во сила стапува правилото за обврзувачки информации за потеклото на производите. Така на пример кај индустриските производи, како стапчињата од риба, кои се добиваат со пресување на парчиња месо од риба, ќе биде обврзувачки да се наведе потеклото на рибата без разлика дали се работи за една или повеќе локации. И кај маслото за јадење во иднина веќе нема само да биде доволен само описот „растително масло“ туку на пакувањето ќе мора да стои од кои растенија е произведено.

Symbolbild EU Verpackung Etikett Kennzeichnung
Фотографија: picture-alliance/dpa

Двоумење околу стручноста на персоналот

Политичарите, како германскиот министер за храна и земјоделство Кристијан Шмит ги пофалија новите правила. „Ова е пресвртница која ќе обезбеди поголема јасност и вистина“, рече Шмит. Здруженијата за заштита на потрошувачите меѓутоа предуредуваат дека новата одредба не оди доволно далеку и оти потрошувачот секогаш има проблеми брзо и јасно да оцени дали некој прехранбен производ е здрав или не. Овие организации бараа воведување на т.н. семафорски ознаки по кои би било јасно видливо кои производи се со добри, а кои со лоши хранливи вредности. Но Европската комисија го отфрли тоа. Здруженијата за заштита на потрошувачите во Германија истовремено изразуваат недоумици околу стручноста на персоналот во пекарниците или во угостителските објекти кои, како што се наведува, не се школувани за давање прецизни информации за содржината на производите на потрошувачите.