1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По три години затвор за шестмина учесници во протестите за „Монструм“

ЕМФ/дв/миа30 јули 2014

Шестмина учесници во протестите кои на почетокот на јули се одржаа во Скопје поради пресудите во случајот „Монструм“ денеска (30.07) се осудени на затворски казни во траење од по три години.

https://p.dw.com/p/1CmM8
Фотографија: Petr Stojanoski

Двајца учесници во протестите од страна на Кривичниот суд во Скопје добија ослободителни пресуди. За едниот од нив обвинителот го повлече обвинението, а другиот судот го ослободи бидејќи немало докази.

Шестемина обвинети кои добија по тригодишни казни затвор остануваат во притвор до правосилност на пресудата и солидарно треба да ја надоместат штетата направена на двата скопски Основни суда од околу 26 илјади евра. Основното јавно обвинителство ги товареше за кривично дело „учество во толпа што ќе предизвика кривично дело“, односно дека биле дел од поголемата група граѓани кои со камења и други тврди предмети ги оштетиле фасадите на судските објектите и повредиле неколкумина полициски службеници.

Одбраната на обвинетите во завршните зборови барала да се казнат вистинските виновници за насилството и каменувањето на судовите.