1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пет нови бази на НАТО во Источна Европа?

ЕМФ/дпа/афп/дв31 август 2014

НАТО зазема поостар курс против Русија? Според медиумски извештаи, планирани се пет бази на алијансата во Источна Европа. Освен тоа, повеќе земји членки бараат откажување на договорот НАТО-Русија.

https://p.dw.com/p/1D4Hj
Фотографија: AFP/Getty Images

НАТО, според информации на весникот „Франкфуртер Алгемајнен Зонтагсцајтунг“, планира пет нови бази во трите балтички држави, како и во Полска и Романија. Тие би требало да имаат по 300 до 600 војници од земјите членки на алијансата. Војниците, меѓу кои логистичари, планери на акции и разузнавачи, би биле стационирани трајно. Весникот се повикува на неименуван висок претставник на НАТО. Според „Франкфуртер Алгемајнен Зонтагсцајтунг“, одлука за базите би требало да биде донесена на самитот на алијансата во Велс, наредната недела.

Освен тоа, повеќе земји членки на НАТО вршат притисок за откажување на договорот НАТО-Русија. Магазинот „Шпигел“ пишува дека Полска, балтичките држави и Канада се залагаат силно за тоа, додека германската влада е против. Договорот од 1997 година превдидува ограничувања за НАТО што се однесува до стационирање сили во поранешниот Источен блок.

„Фајненшл тајмс“ пак, јавува дека Велика Британија силно се залага за сили за брзи интервенции во Источна Европа. Новите сили би броеле околу 10.000 војници од авијацијата, морнарицата и пешадијата. Покрај Британците, во силите би учествувале балтичките држави, Норвешка, Холандија, Данска и евентуално Канада, пишува весникот. Иницијативата би требало да ја образложи премиерот Дејвид Камерон на самитот на НАТО.