1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пензионери и студенти на исто работно место

Д.Циндел/ А.Трајковска 18 април 2014

Секој трет работоспосен во Германија веќе од 2015 година ќе биде над 50-годишна возраст. Претпријатијата мора да се прилагодат на ваквиот демографски развој во земјата. Постарите имаат искуство кое е важно за младите.

https://p.dw.com/p/1B7qN

Мафред Бал има 66 години и требаше да биде пензионер. Меѓутоа, бидејќи сервисните техничари како него се многу барани, а подмладокот не доаѓа така брзо, тој продолжува да работи. Како и порано, само помалку..

„На мојата проштална прослава ми беше кажано - не би можел од време на време да помогнеш, би сакал понекогаш да работиш за нас? Евентуално би можело да ни користи твоето искуство“, вели Бал.

Тој веќе беше речиси во целиот свет - за да монтира постројки за пакување. Неговиот ноу-хау го пренесува на младите. Со својот 40 години помлад колега се уигран тим.

Фабриката за машини „Хафер и Бекер“ е претпријатие со традиција, во Вестфалија, среде провинција. Малиот град Олде има скоро 30.000 жители, а просечната возраст е висока.

Infografik Fachkräftemangel Deutschland Englisch
На Германија ѝ недостасува стручна работна сила

Кој е млад и еднаш заминал оттука, не се враќа така брзо.

Шефот на фирмата Рајнхолд Фестге сака безусловно да го спречи тоа. Со неговите речиси 68 години, тој е најстар во целото претпријатие. Идната година ќе им ја предаде работата на неговите синови. Во однос на демографскиот развој пред сѐ лично чувствува обврска.

„Мислам дека е задача на претпријатието, ние самите да се грижиме за тоа да ги добиеме оние луѓе кои ни се потребни за да го одржиме бизнисот. А, не едноставно да седиме и да велиме - државата нека ни понуди луѓе, јас би можел да отворам работни места, само ако ми донесете луѓе“, истакнува Фестге.

За подмладокот рано да се врзе за фирмата, овде многу се инвестира и во образованието. Пракса и теорија за 40 млади луѓе. Некои се на стручна обука. Другите го комбинираат тоа со студии.

Како Себастијан... Ова 22-годишно момче доаѓа од регионот, и е среќен што, така да се каже, пред врата му се нуди нешто.

„Голема предност е практичната работа, која ја имаме тука. Освен тоа, можам да останам тука во околината и речиси од дома можам да студирам. Исто така и трошоците се помали за мене, отколку ако би морал да изнајмам стан во Келн или Ахен“, вели Себастијан Шулце.

Во саботите директно се студира во претпријатието - испостава на факултетот во провинција. Така Себастијан, покрај стручната обука, студира за машински инженер. Двете работи истовремено - тоа е тешко за студентите, но добро за фирмата. Шефот се надева дека на тој начин ќе ги задржи најдобрите во регионот.