1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Педесет нијанси на сиво“ - само љубовна приказна?

Ања Кох/ Ж. Ацеска12 февруари 2015

Филмуваниот бестселер „Педесет нијанси на сиво“ ("Fifty Shades of Grey") доживеа меѓународна премиера на Берлиналето. Фановите беа воодушевени од главните актери Дакота Џонсон и Џејми Дорнан на црвениот тепих.

https://p.dw.com/p/1EZyC
Фотографија: Universal Pictures

Приказната е кратка: срамежливото глувче го среќава самоуверениот милијардер. Таа е неисусна во љубовните работи. Тој е опседнат од контрола, неспособен за блискост. Тој сака допири само во форма на садо-мазо игри.

Стотици обожуватели беа привлечени од премиерата на црвениот тепих. Игри со лисици и камшици на големиот екран, голем спектакл.

Но, најавеното како меко порно или барем еротски снимки, се испостави како многу романтичарски кич. Главниот актер Џејми Дорнан тврди:

„Во основа тоа е една љубовна приказна. Не може да се напишат три дебели книги во кои станува збор само за секс, тука мора да има нешто повеќе“.

„Педесет нијанси на сиво“ доживеа премиера на Берлинале и му носи голема реклама на фестивалот.

Светска премиера на „Педесет нијанси на сиво“