1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакт со диктаторот?

Ане Алмелинг/ А.Трајковска 27 август 2014

Сирискиот претседател Башар ал Асад е меѓународно изолиран. Во борбата против Исламската држава сега тој на Западот му нуди воена соработка - и се презентира како гарант за стабилноста.

https://p.dw.com/p/1D1ey
Фотографија: Reuters/Syria TV

Кога т.н. Арапска пролет се распламте во Сирија се чинеше дека е веќе запечатена судбината на сирискиот претседател. Впрочем шефовите на државите на другите арапски републики веќе мораа да го расчистат патот. Бен Али побегна, Мубарак беше развластен, Гадафи убиен - есента 2011 година не изгладаше добро за Башар ал Асад. Илјадници Сиријци тогаш протестираа против претседателот, се бореа со сите средства против режимот. Но, Асад не дозволи да го избркаат. Тој постојано предупредуваше од „исламистичките терористи“ во земјата и притоа преземаше посебно брутални мерки против сопственото население.

Напредок на исламистите

Три години подоцна и по во меѓувреме повеќе од 190.000 загинати се чини дека се остваруваат предупредувањата на Асад од терористите. Милитантите на групацијата Исламска држава ја прегазија земјата, се борат немилосрдно за Божја држава. Тие ги убиваат сите кои им застануваат на пат. Во меѓувреме исламистите, на чија страна се борат илјадници доброволци од арпаскиот свет, но и од Европа, не само што контролираат големи области во соседен Ирак туку и делови од Сирија. На почетокот тие се бореа пред сѐ против сириските бунтовници и со тоа го зајакнаа режимот во Дамаск. Во меѓувреме милитантите се борат и против сириските владини трупи. Дури и САД, европските и многу арапски влади сметаат дека се предизвикани со прогласениот калифат.

Islamischer Staat Fahne
Приврзаници на Исламска држава во ИракФотографија: picture alliance / AP Photo

Со Исламската држава Сирија и Западот имаат заеднички непријател - и тоа е поволен развој за владата во Дамаск, смета Петра Бекер експерт за Сирија во фондацијата Наука и политика во Берлин. „Асад уште од почетокот полагаше на тоа дека револуцијата, во која стануваше збор за демократија и човекови права, да го денунцира како бунт на салафистичките џихадисти“, смета Бекер. Кон ова се надополнува и тоа што на почетокот на бунтот тој ослободи голем број џихадисти од затворите - знаејќи притоа дека тие ќе се обидат да формираат терористички ќелии во земјата. „Имајќи го тоа предвид Асад гледаше како се шират џихадистите. Тој стори сѐ за тоа да се радикализираат силите во револуцијата и со тоа да ја поддржат неговата нарација“.

Премолчени методи на измачување

Поред бруталниот терор на исламистите, кои своето насилство го прикажуваат и преку медиумите, методите на измачување на сирискиот режим деелуваат помалку драстични - згора на тоа тие прават сѐ да ги прикријат истите. Со освојувањето на стратешки важната воздушна база во Табка во северната провинција Рака исламистите меѓутоа станаа проблем, кој би можел да биде поголем од очекуваното. Асад најверојатно не сметаше дека ќе наиде на толку голем отпор.

Сепак се чини дека ќе му успее неговата стратегија. Имено непријателот кој предизвикува страв во земјата би можел да му помогне на шефот на државата да ја пробие меѓународната изолација. „Токму сега е моментот кога Асад би можел да профитира од досегашната политика“, смета Бекер. „Ако сега му успее да ги убеди западните држави да го прифатат како партнер во борбата против теророт, тој ќе си ја осигура неговата власт за наредните години“. Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Миалим веќе понуди соработка меѓу Дамаск и САД. „Сирија географски и тактички е во центарот на една меѓународна коалиција против Исламската држава“, рече Муалим. „Државите кои сериозно сакаат да се борат против тероризмот, мораат да се држат до нас“.

Syrien Bürgerkrieg Ort bei Damaskus Zerstörrungen
Последици од граѓанската војна - во многу области во Сирија повеќе неможе да се живееФотографија: Reuters

Помалото зло?

Американската војска во вторникот започна со извиднички летови над Сирија како подготовка за можни воздушни напади. Беспилотните летала би требало да помогнат да се подготват воздушни напади на сириска територија, информираше ЕнБиСи. Политичкото раководство во Вашингтон демантира договор со Дамаск. Тие не сакаат да го зајакнат диктаторот. Но, во однос на терористите на многумина во западните главни градови сирискиот диктатор им доаѓа како помалото зло - бидејќи тој „само“ го угнетува и убива сопствениот народ.