1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ослободени четворицата француски новинари-заложници во Сирија

Александар Методијев/афп/ап19 април 2014

Четворица француски новинари, кои беа држени во заложништво во Сирија речиси една година, се пуштени на слобода и се во добра здравствена состојба, информираше денеска францускиот претседател Франсоа Оланд.

https://p.dw.com/p/1Bl13
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во изјава дадена за агенцијата АФП, францускиот претседател вели дека утрово дознал „со големо олеснување за ослободувањето на четворицата француски новинари“.

Едуард Елиас, Дидие Франсоа, Николас Енин и Пијер Торес беа во заложништво во Сирија од јуни 2013 година. Оланд оцени дека „тие се во многу добра здравствена состојба и покрај многу предизвикувачките околности на нивното заробеништво“ и дека ќе се вратат во Франција во следните неколку часа.

Елисејската палата не даде дополнителни детали за условите за нивно ослободување. Новинарите исчезнаа во два одвоени инциденти. Организацијата „Репортери без граници“ ја оцени Сирија како „најопасната земја во светот“ за новинарите.