1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Орканот „Никлас“ предизвика хаос

Гена Кетелс/ Ж. Ацеска 1 април 2015

Орканот „Никлас“ во Германија однесе вкупно четири човечки животи и предизвика огромна штета. Ветрот дуваше со брзина до 160 километри на час, во некои покраини регионалниот железнички сообраќај беше прекинат.

https://p.dw.com/p/1F0y3
Фотографија: picture-alliance/dpa/Polizei

Двајцата патници немале никаква шанса: дрвото при пад удрило врз нив во возилото. Спасувачите во покраината Рајнланд Пфалц во југозападна Германија можеле само да ги извадат нивните тела.

И во источната полраина Саксонија Анхалт невремето однесе една жртва: еден човек бил удрен од паднат ѕид.

Орканот „Никлас“ е едно од најголемите невремиња во последните години, брзината на ветрот во Германија изнесуваше до 160 километри на час. Бурата низ целата земја предизвика огромни последици и сообраќаен хаос.

Во многу региони железничките врски беа во прекин. Оние кои патуваа на одмор или до работното место како во Келн, беа задржани без нивна волја.

„Бидејќи стануваше збор за безбедноста, решивме подобро да не пуштаме возови. Зашто, подобро ќе се грижиме за патниците на железнички станици отколку евентуално во воз блокиран на пруга“, образложува Ахим Стаус од Германски железници.

Токму тоа се случи кај Оснабрик: врз патнички воз се урнаа повеќе дрвја. 350-те патници останаа неповредени.

Во Минхен попладнето дури мораше да биде затворена главната железничка станица, две покривни стаклени плочи паднале врз шините.

Во Берлин пожарникарите прогласија вонредна состојба. И во следниве денови во северна Германија ќе владее невреме.

„Никлас“ предизвика огромни штети