1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опозициски сојуз сака да го предизвика Кремљ

Ј. Вишневетскаја / М. Остапчук / Е.М. Фиданоска24 април 2015

Повеќе опозициони групи во Русија се споија во сојуз за заеднички да настапат на наредните избори. Како на тоа ќе реагира Кремљ?

https://p.dw.com/p/1FDVL
Михаил Касјанов (д.) и Алексеј Навални се најпознати претставници на новиот сојузФотографија: picture-alliance/Itar/Denis Vyshinsk

Повеќето обиди за обединување на опозиционите сили во Русија досега беа неуспешни. Дали овојпат ќе има успех? Шест партии основаа вонпарламентарен опозиционен сојуз: либерално-демократската партија РПР-Парнас, која е предводена од поранешниот руски премиер Михаил касјанов, Партијата на напредокот на познатиот критичар на владата Алексеј Навални, Граѓанска иницијатива, Демократски избор, Сојуз 5 декември и Слободарската партија. Поддршка на сојузот освен тоа му дава и организацијата Отворена Русија и критичарот на Кремљ кој живее во егзил во Швајцарија, Михаил Ходорковски.

РПР-Парнас како основа на сојузот

Но кандидати за избори во моментов, без притоа да мора претходно да собира потписи од граѓаните, може да даде само партијата РПР-Парнас. Тоа е така благодарение на изборната победа на, во меѓувреме убиениот, противник на Путин - Борис Немцов во регионот Јарославл. „Кога една партија има најмалку еден претставник во едно регионално претставништво, таа според законот може без натамошни услови да настапи на парламентарните избори со своја листа“, објаснува во разговор за ДВ Иља Јашин, водечки член на партијата. Таков е случајот со РПР-Парнас.

Затоа партнерите во сојузот ја користат РПР-Парнас правно како основа за своето побрзување. „Така пронајдовме начин да создадеме изборен блок, што официјално е забрането, но фактички го создадовме тој сојуз“, додава Јашин. Убиството на Немцов ги потисна во позадина личните амбиции на опозиционите лидери, кои често беа пречка за создавање сојуз. „Тоа не‘ поврза на повеќе начини“, нагласува политичарот.

Russland Ilja Jaschin
Иља Јашин зборува за ДВ пред портрет на убиениот НемцовФотографија: DW/Y. Vishnevetskaya

Регионалните избори се прв предизвик

Сојузот нема да чека до парламентарните избори 2016. и сака да учествува веќе на регионалните избори во септември годинава. На тие избори ќе се гласа за гувернери во 15 региони и пратеници во 11 регионални парламенти. Сојузот, меѓутоа, ќе настапи само во регионите Новосибирск, Кострома и Калуга, затоа што тие ја отсликуваат разноликоста на земјата, објасни Алексеј Навални пред новинарите во Москва. Новосибирск има економски потенцијал, Кострома е сиромашен регион, а Калуга е индустриски центар. Освен тоа, позициите на партијата на Кремљ Единствена Русија во овие региони не е многу силна.

Изборот на кандидатите за изборните листи за регионалните избори треба да биде транспарентен. Опозицијата сака да одржи национални предизбори, меѓу другото и преку интернет. Константин Мерсликин од партијата РПР-Парнас на прес-конференција изјави дека кандидатите на опозицијата ќе настапуваат со локални и национални теми.

Спречување од страна на власта?

Опозиционерите се сигурни дека Кремљ ќе се обиде да спречи учество на нивниот сојуз на изборите. Сергеј Давидис, еден од лидерите на партијата 5. декември, стравува дека со промена на законот може да и‘ биде одземен актуелниот статус на партијата РПР-Парнас. „Тогаш ќе мора да собираме потписи. Или нема да собереме доволно поради заострување на условите, или пак Изборната комисија едноставно ќе наоѓа недостатоци во листите“, изјави тој за ДВ.

Иља Јашин смета дека власта ќе ги попречува веќе предизборите на опозицијата. Сепак, тој оценува дека тие се добра можност за почеток на изборната борба и мобилизација на избирачите. Сојузот е цврсто решен да учествува на изборите. Јашин е убеден дека ако Кремљ не го блокира учеството на изборите, обединетата опозиција ќе успее да добие голем дел од гласовите и по долг период повторно да има голема пратеничка група во парламентот.

„Изборна победа е нереална“

Изборна победа на опозицијата, според рускиот политиколог Кирил Рогов, во денешни услови е сепак нереална. Таквата цел би била достижна со Борис Немцов. „Тој на сојузот ќе му дадеше голема сила на изборите. Освен тоа, нему му веруваа и Навални и Ходорковски“, вели Рогов.

Алексеј Макаркин од рускиот Центар за политички технологии пак смета дека опозиционерите ќе се соочат со проблеми од сосема поинаков вид. Имено, партијата Јаблоко не му се приклучи на сојузот. Но и таа нема да може да учествува на изборите беа да собира потписи. „Избирачкото тело на опозицијата ќе биде поделено како и претходно. И овојпат нема да има перфектно обединување“, оценува политичкит експерт.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема