1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одмерена пресуда за Писториус

Даниел Пелц / Превод: А.Трајковска21 октомври 2014

Долгоочекуваниот крај на процесот против Писториус е тука. Атлетската ѕвезда на Јужноафриканската Република е осудена на пет години затвор. Соодветна казна, смета Даниел Пелц.

https://p.dw.com/p/1DZH6
Фотографија: Reuters/Herman Verwey

Судијката си остана веродостојна и при определувањето на казната за јужноафриканската спринтерска ѕвезда Оскар Писториус - пет години затвор за убиство од небрежност на неговата девојка Рива Стинкамп и три години условно за безобѕирно користење оружје. Ако добро се однесува, велат правните експерти, Писториус би можеле веќе по десет месеци да биде отпуштен од затвор и остатокот од казната да го мине во домашен притвор.

Судијката Токозиле Масипа зборуваше трезвено и стручно, како и што го водеше процесот. На иста линија остана и при одредувањето на казната.

Со тужбата се бараше десет години затвор, додека одбраната бараше домашен притвор. Казната е токму на средина. Домашен притвор за вакво дело е премалку, додека една висока казна би била безмилосна, рече судијката при објавувањето на пресудата.

Казната е на средина - и тоа е адекватно. Можеби Писториус бил нарцис, плејбој и опседнат со оружје, сепак не беше докажано дека ладнокрвно ја убил својата девојка Рива Стинкамп. И дури ако самоименуваните правни експерти во и надвор од Јужна Африка, неговите напади на плачење, повраќање во судската сала и жалењето сакаат да го прикажат како глума - правилно е што судот не ја следеше оваа интерпретација. Според логиката на правосудството, Оскар Писториус покажа дека се кае и тоа еден суд мора да го признае при објавувањето на една казна.

Доколку постои сомнеж, во корист на обвинетиот - тоа би морало да стои над пресудата и казната. Судијката со тоа не придоби пријатели меѓу Јужноафриканците. Наместо тоа, сега можеби врие добар дел од јужноафриканската народна душа. „Богат бел човек со добра одбрана може да си ја откупи најстрогата казна“ - вака или барем слично на ова ќе гласат многу реакции.

Deutsche Welle Afrika Englisch Daniel Pelz
Даниел Пелц, автор на коментаротФотографија: DW/P. Henriksen

Лоша истрага

Меѓутоа, моралните аргументи не смеат да важат на суд. Нарцизам или љубов за оружје не се казниви дела и при утврдување на казната не треба да бидат сметани. И тоа што Оскар Писториус можеше да си дозволи подобра одбрана, судот не смее да го земе предвид. Само доказите и изјавите на сведоците смета да се бројат. Тука повеќе може да се изнесе критика на јужноафриканската полиција. Едно од лицата одговорни за обезбедувување на доказите го допре одужјето со кое беше извршено делото со голи раце, еден државен обвинител со чевли од улица влезе на местото на злосторството, еден полицаец украде часовник. Доколку кривичните гонители подобро ја завршеа работата, на маса би имало уверливи докази и тогаш можеби пресудата ќе беше поинаква и казната повисока. Населението во Јужноафриканската Република би требало да опстојува на тоа, целиот јужноафрикански полициски и правосуден апарат да биде подобар - тогаш можеби повеќе луѓе ќе имаат еден ваков фер процес и казна како Оскар Писториус.