1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обвинителството бара апсење на капетанот на потонатиот траект

ЕМФ/ард/миа18 април 2014

Јужнокорејското обвинителство побара издавање судски налог за апсење на капетанот на траектот што се преврте пред два дена во близина на брегот на Јужна Кореја. Нуркачите дури денеска успеаја да влезат во потонатиот брод

https://p.dw.com/p/1Bkki
Фотографија: picture-alliance/Yonhap

Покрај апсење на капетанот (на насловната фотографија), обвинителство побара апсење и на уште двајца други членови на екипажот на траектот. Обвинителството ја испитува претпоставката дека до трагедијата дошло кога траектот нагло завртел, при што бродот се навалил повеќе од дозволеното и потоа се превртел. Покрај ова, се испитува и дали постапката за евакуација на патниците била спроведена навремено и согласно правилата.

Според обвинителството, во моментот на несреќата со траектот не управувал капетанот, туку третиот офицер, кој имал само една година искуство. Според непотврдени извештаи, капетанот бил еден од ние кои први го напуштиле траектот. И членовите на екипажот го обвинуваат капетанот тврдејќи дека наредбата за евакуација дошла можеби предоцна. Дел од преживеаните дури тврдат дека воопшто не чуле наредба за евакуација. Причините за несреќата се‘ уште не се јасни. Врз основа на изјавите на членови на екипажот, се наметнува претпоставка дека до катастрофата можеби довело ненадејно менување на курсот на траектот пред островот. Можно е траектот и да наишол на карпа. Преживеаните тврдат дека имало голем удар пред потонувањето на бродот.

Südkorea Fährunglück 18.04.2014
Фотографија: Reuters

Нуркачите влегоа во потонатиот траект

Нуркачите дури денеска (18.04) успеаја да влезат во внатрешноста на потонатиот траект. Јужнокорејската телевизија КБС, повикувајќи се на информации од владиниот кризен штаб, јави дека спасувачките екипи почнале да впумпуваат воздух во внатрешноста на траектот. Силните водни струи и лошото време досега многу ја отежнуваа работата на нуркачите и другите спасувачи. Во акцијата на спасување учествуваат околу 170 бродови и 30 авиони. Два огромни крана се веќе на местото на несреќата, а треба да пристигнат и други. Тие би требало да го извлечат потонатиот траект. Шансата да бидат најдени преживеани, според кризниот штаб, се рамни на нула. Дел од патниците, според експертите, можеби можеле да преживеат доколку успеале да најдат места со малку воздух, но поради ниските температури на водата и се‘ помалку кислород, тешко е да се преживеат цели два дена во внатрешноста на траектот.

Südkorea Fährunglück 18.04.2014
Фотографија: Reuters

Во текот на изминатата ноќ беа извлечени уште тела на загинати. Бројот на жртвите се зголеми на 28, додека бројот на преживеани изнесува 179. Како исчезнати се водат околу 250 лица. На траектот се наоѓале вкупно 475 луѓе, меѓу кои тројца странци - двајца Кинези и еден Русин.