1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бунт против една фамилија гладна за моќ

Е.М. Фиданоска (НЦЦ, Ди велт)25 мај 2015

Во македонскиот главен град со денови има протести против владата, но премиерот има поддршка од силна фамилијарна банда, пишува весникот „Ноје цирхер цајтунг“ во анализата на случувањата во Македонија.

https://p.dw.com/p/1FW64
Mazedonien Demonstration in Skopje
Фотографија: Reuters/M. Djurica

„Никола Груевски длабоко го подели македонското општество. За едни тој е полубог, за други - демонски диктатор. Во Македонија со недели се дуе скандал со прислушување, противниците на владата го обвинуваат Груевски за изборна измама и корупција. Меѓутоа, неизвесно е дали ќе можат да го истераат од власт“, пишува во анализата за состојбите во Македонија весникот „Ноје цирхер цајтунг“.

Во текстот со наслов „Бунт против една фамилија гладна за моќ“, авторот Андреас Ернст, меѓу другото, дава неколку податоци од биографијата на македонскиот премиер Груевски и оценува:

„Груевски ја промени Македонија. За време на полетот од изминатите години, кој се потпираше врз надежта на општеството за подобар живот во ЕУ, тој спроведуваше реформи во економијата и државата. Меѓутоа, притоа македонскиот премиер никогаш не делуваше харизматично или одушевувачки. Груевски долго време беше потценуван од страна на партиските пријатели и противниците. Потоа во 2008 година доаѓа до пресврт. Одредена улога во тоа можеби играше економската криза, но клучно беше одбивањето на НАТО да ја прими Македонија за членка во сојузот... Груевски подоцна во едно интервју рече дека тоа било шок.

Со оглед на се‘ поголемата изолација и конфронтацијата со одбивањето од страна на ЕУ за прием на други земји од Балканот во догледно време, ветрот во Македонија го смени правецот. Груевски создаваше се‘ поавторитарен систем, скроен по негова мерка. Тој ја скрати слободата на медиумите, има влијание врз правосудството. Се‘ погломазниот систем на државна управа денес функционира како клиентелски систем кој ги храни верните приврзаници. Стотици милиони евра се потрошени за центарот на Скопје со помош на споменици и залепени фасади да се претвори во националистички парк.

Mazedonien pro-Regierungsdemonstration in Skopje
Груевски им верува на малкумина, оценува „НЦЦ“Фотографија: R. Atanasovski/AFP/Getty Images)

Груевски е внимателен човек. Тој им верува само на малкумина. Откако е на власт опкружен е со мал број луѓе од доверба, кој некои го нарекуваат ’фамилија’... Мијалков мораше да поднесе оставка пред две недели, по полициската акција протов тешко вооружена банда етнички Албанци во Куманово, во која загинаа осуммина полицајци и беа уништени многу објекти. Од својата функција мораше да се откаже и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која исто така припаѓа на тесниот круг луѓе околу Груевски. Но само неколку денови потоа таа зрачеше на страната на премиерот на собирот на приврзаниците на владата. А, кога Груевски на покана на ЕУ-парламентарци отпатува во Стазбур на преговори со лидерот на опозицијата, во негова придружба беше Сашо Мијалков. Официјално како партиски кадар на ВМРО, но всушност како братучед“, пишува весникот „Ноје цирхер цајтунг“.

Весникот „Ди велт“ го интервјуира српскиот премиер Александар Вучиќ. Тој во интервјуто зборува за реформите на патот кон ЕУ, за односите со Косово, но и со Русија. Еве дел од прашањата и одговорите:

Serbischer Ministerpräsident Aleksandar Vucic
Вучиќ за „Ди велт“: Нема ништо лошо во заинтересираноста за добри односи со РусијаФотографија: DW/B. Marx

„Зошто во Србија опаѓа поддршката за влез во ЕУ?

Народот е се‘ понетрпелив. Процесот на влез во ЕУ трае и може да биде заморен. Но кога ќе ги соочите луѓето со изборот - Европа или да се остане надвор, тогаш уверливо мнозинство е за влез во ЕУ.

Многу Срби се емоционално врзани за Русија. Дали тоа може да биде проблем за вас?

Ние сме заинтересирани за добар однос со Русија, во тоа нема ништо лошо.

Го поканивте Путин на воената парада. Дали тоа може да биде опасен флерт за некој кој сака да биде дел од ЕУ?

Ние каниме многу државници во Србија. Путин е еден од нив. На воената парада на Путин му го кажав она што му го кажав и зад затворени врати во Москва - Србија е на курс кон ЕУ.

Сепак, Србија не учествува во санкциите против Русија. Зошто?

Тоа би имало последици по нашата економија. Србија не е во состојба да ги понесе на свој грб последиците што од тоа би произлегле. На крајот на краиштата, ние се‘ уште не сме дел од ЕУ и никој не би ни помогнал.“, вели српскиот премиер Александар Вучиќ во интервју за весникот „Ди велт“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема