1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нокиа на пат кон старата слава?

С.Шварте/ртр/сн15 април 2015

Финската компанија Нокиа постигна договор вреден 15,6 милијарди евра за преземање на ривалската фирма Алкател- Лусент, со што ќе биде создаден најголемиот светски испорачател на мрежна технологија за мобилна телефонија

https://p.dw.com/p/1F8r4
Фотографија: picture-alliance/dpa/Lehtikuva/M. Ulander

Нокиа некогашниот лидер на светскиот пазар на мобилни телефони, има намера со мрежна технологија за телефонските и интернет операторите повторно да стане број еден во светот. За постигнување на неопходната големина ќе се погрижи најавената фузија со помалиот француско-американски конкурент Алкател Лусент. Денеска двете компании потврдија дека е постигнат договор со кој финската компанија за 15,6 милијарди евра ќе купи управувачки пакет акции во Алкател-Лусент.

Дека преговорите се во крајна фаза, покажа и средбата на највисоко ниво: владата во Париз се вклучи во нив и ги покани генералните директори на Нокиа и на Алкател во Елисејската палата. Владата им даде поддршка на плановите за фузија.

Погледајте го видеото на оваа тема:

Нокиа го презема Алкател-Лусент

„Ова соединување меѓу Нокиа и Алкател- Лусент би можело да создаде голем европски шампион во областа на мобилната техника и во фиксната телефонија, во кој Нокиа и Алкател ќе ги внесат нивните најдобри технологии“, порача задоволно францускиот министер за економија, Емануел Макрон.

6.000 луѓе работат за Алкател- Лусент во Франција. Овие работни места француската политика во секој случај сака да ги задржи. При најавената фузија дел од нив би можеле да бидат укинати.

Двете компании произведуваат техничка инфраструктура за операторите за мобилна телефонија и за интернет, како на пример вакви морски кабли за пренос на податоци. Во браншата на мрежна техника Нокиа и Алкател-Лусент досега додуша беа мали играчи.

Преку фузијата тие планираат да станат доволно силни за да можат да ѝ се спротистават на конкуренцијата пред сѐ од Кина.

Заеднички Нокиа и Алкател дури би можеле и да станат лидери на пазарот.

Вредноста на компанијата која би настанала по соединувањето на Нокиа и Алкател-Лусент се проценува на околу 40 милијарди евра.